Андреј Јуродивен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Икона за Покров на Богородица, Третјаковска галерија, Москва).

Андреј Јуродивен (познат и како Андреј Константинополски; грчки: Ἀνδρέας ὁ Σαλός; умрел во 936 година) ― човек кој е сметан за светец од православната црква и е почитуван како јуродивен човек.

Андреј, по потекло Словен, бил роб на Теогност, кој служел како телохранител во Константинопол.[1] Подоцна, тој решил да стане јуродивен човек, живеејќи ја својата цел со понизност и трпение.

Според одредени извори, Андреј имал видување за Пресвета Богородица во црквата „Пресв. Богородица“ во Цариград, додека градот бил опкружен со непријателски трупи (според некои извори, муслимански Арапи).[1]

Андреј и неговиот ученик Епифан посведочиле дека ја виделе Светата Дева опкружена со многу ангели и светци, како се моли и го проширува својот омофор (покров) над верниците. По оваа визија, Константинопол бил спасен кога неговите напаѓачи се повлекле. Таа визија и избегнувањето на уништувањето на Константинопол што му се припишува го поттикнало создавањето на еден од најпознатите православни празници: празникот Покров на Богородица.

Андреј починал во 936 година. Неговиот спомен го одбележуваат православните заедници на 15 октомври (стар календар на 2 октомври). Најраниот ракопис на неговата хагиографија на грчки, Животот на Андреј Јуродивен, е дело во Минхен со унцијално писмо од 10 век. Делото е преведено и на грузиски и словенски.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Orthodox Church in USA
  2. Kazhdan, Alexander, уред. (1991). „Andrew the Fool“. The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]