Алфред Халиков
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Алфред Халиков | |
| Роден | Альфред Хасанович Халиков 30 мај 1929 с. Курманаево, Татарстан |
|---|---|
| Починал | 24 јули 1994 |
| Познат | по книгата „Што сме ние: Бугари или Татари“ |
| Занимање | археолог |
Алфред Хасанович Халиков (руски: Альфред Хасанович Халиков) (30 мај 1929 - 24 јули 1994) е познат татарстански археолог.
Роден е во селото Курманаево, во Нурлатскиот регион во Татарстан, во семејство на учители. По завршувањето на училиштето, во 1947 година запишува историја на универзитетот во Казањ. Под раководството на својот професор, познатиот историчар и археолог Н.Ф. Калинин, Алфред Халиков учествува во ископувањето на археолошки локалитети.
Од 1951 до завршувањето на универзитетот, Халиков започнува да работи како лаборант археолог во Институтот за јазици, литература и историја. Во 1956 година ја брани кандидатската, а во 1966 година и докторската дисертација. Во 1992 година е избран за дописен член на Академијата на науките на Република Татарстан.
Основната научна дејност на Алфред Халиков е поврзана со археологијата. До последната година на животот учествува во научни експедиции. Халиков раководи работи на археолошки истражувања на територијата на Татарстан за составување на археолошки карти (до сега се забележани околу 5 000 археолошки објекти од палеолитот до доцните средни векови).
По одбраната на докторската дисертација, Алфред Халиков својот научен интерес го насочува кон проучувањето на Волшка Бугарија и Казањското ханство. Други цели на неговото научно истражување се етногенезата и етничката историја на народите во средниот тек на реката Волга и околу планината Урал: Прабугарите и финско-унгарските народи.
Алфред Халиков е научник-енциклопедист. Има објавено околу 500 научни дела, меѓу кои и 30-ина книги. Држи предавања на Казањскиот универзитет, и речиси секоја година учествува со свои реферати на конгреси и симпозиуми во Финска, Бугарија, Унгарија, Чешка, Полска, Турција и други земји.
[уреди] Надворешни врски
- Алфред Халиков - (руски)
- А.Х. Халиков: 500 руски презимиња од бугаро-татарско потекло (руски и бугаро-татарски)

