Али Диа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Али Диа
Лични податоци
Полно име Али Диа
Роден на 20 август 1965(1965-08-20)(58 г.)
Роден во Дакар, Сенегал
Држава Сенегал Сенегал
Висина &100000000000001730000001,73 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 1997
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1989 Бове Бове 1 (0)
1989–1990 Дижон Дижон 3 (0)
1990–1991 Ла Рошел Ла Рошел ? (?)
1991–1992 Сент-Квентен 6 (1)
1993–1994 Шатобрион 28 (6)
1995 ФинПа ФинПа 5 (0)
1995 ПК-35 ПК-35 3 (1)
1995 Либек Либек 2 (0)
1996 Блајт Спартанс Блајт Спартанс 1 (0)
1996 Саутхемптон Саутхемптон 1 (0)
1996-1997 Гејтсхед Гејтсхед 8 (2)
1997 Спенимор Јунајтед Спенимор Јунајтед ? (?)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 февруари 2021.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 19 ноември 2020

Али Диа (роден на 20 август 1965, во Дакар) — сенегалски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Како фудбалер кој играл претежно во аматерските лиги, неговиот најзначаен момент во кариерата се случил во ноември 1996 година. Откако го убедил Греам Сунес, тогашниот менаџер на Саутхемптон дека тој е братучед на Играчот на годината според ФИФА и добитник на Златната топка, Џорџ Веа, тој потпишал едномесечен договор со Саутхемптон неколку дена подоцна. Диа одиграл само еден натпревар во својот краток период во клубот, влегувајќи како замена во првенствен натпревар, но потоа и самиот тој бил заменет, а брзо потоа бил и отпуштен.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Кариерата ја започнал во пониските лиги во Франција, каде играл за неколку клуба,[2] пред да премине во Финска каде играл за ФинПа и ПК-35. Кон крајот на 1995 година, потпишал за германскиот второлигаш Либек. Одиграл два натпревари за германскиот клуб пред да биде отпуштен.

Откако имал неуспешни проби во Џилингем, Борнмут и Ротерам Јунајтед, Диа му се приклучил на нон-лигашкиот клуб Блајт Спартанс каде што забележал само еден настап влегувајќи како замена - на 9 ноември 1996 година во натпреварот од Северната Премиер лига против Бостон Јунајтед.

Неколку дена подоцна, Диа бил потпишан од менаџерот на Саутхемптон Греам Сунес, откако Сунес добил телефонски повик од човек кој тврдел дека е од либерискиот репрезентативец и подоцна Играчот на годината според ФИФА, Џорџ Веа. Наводно „Веа“ му кажал на Сунес дека Диа е негов братучед и дека играл за Париз Сен Жермен, како и 13 пати за неговата земја Сенегал и дека треба да му се даде шанса во Саутхемптон. Ништо од ова не било вистина и телефонскиот повик до Сунес бил обична измама.[3] Се претпоставува дека човекот кој му се јавил на Сунес не бил Веа туку пријател на Диа од факултет. Сунес бил убеден и Диа бил потпишан на едномесечен договор. Сепак, спорно е кој го упатил првичниот повик до Сунес. Некои извори наведуваат дека тоа бил пријател на Диа од факултет[3][4] додека други велат дека тоа бил агентот на Диа,[5] трети пак дека повикот бил од самиот Диа. Подоцна било објавено дека истиот трик бил направен и во Џилингам, кој му понудил на Диа да дојде на проби, но не го задоволил менаџерот Тони Пјулис. Хари Реднап, тогашниот менаџер на Вест Хем Јунајтед, исто така, го примил истиот повик, но го отфрлил веднаш.[6]

Диа одиграл само еден натпревар за Саутхемптон, носејќи го дресот со број 33, против Лидс Јунајтед на 23 ноември 1996 година, станувајќи првиот сенегалец кој заиграл во Премиер лигата; тој првично требало да игра за резервниот тим во пријателски натпревар против Арсенал, но натпреварот бил откажан поради натопен терен. Во натпреварот против Лидс, тој влегол како замена за повредениот Мат Ле Тисје по 32 минути, но подоцна и самиот бил заменет од Кен Монку во 85-тата минута;[7] натпреварот завршил 2-0 за Лидс. Играчот кој Диа го заменил, Ле Тисје, за неговиот настап рекол: „тој трчаше по теренот како Бамби на мраз, беше многу непријатно да се гледа“.[8][9][10]

Диа бил отпуштен од Саутхемптон само две недели по потпишувањето на неговиот договор.[1] Откако станал слободен играч, тој отишол на проба во Порт Вејл, каде постигнал два гола за резервниот тим против Сандерленд.[11] Откако официјална понуда од Порт Вејл не стигнала, тој накратко играл за Гејтсхед во Конференцијата, пред да замине во февруари 1997 година.[1] Диа одиграл осум натпревари за тимот од североистокот, постигнал два гола вклучувајќи го и оној на своето деби во победата со 5–0 над Бат Сити.[12] Еден ден по неговото деби за Гејтсхед, неговата измама со Џорџ Веа била откриена во националните медиуми. Во извештајот од 2015 година од Bleacher Report било наведено дека Диа исто така успешно ја извел истата измама и во ФинПа и Либек. И двата клуба ги напуштил поради лошите игри.[11]

Говорејќи за „Гејтсхед пост“ по објавувањето на приказната, Диа се насмеал на наводите и изјавил дека неодамна постигнал гол за Сенегал во победата со 3-1 над Гвинеја во квалификациите за Светското првенство 1998. Сепак, ова тврдење не било точно бидејќи Сенегал веќе бил елиминиран во првата рунда од квалификациите. Диа исто изјавил: „Ме претставуваа како измамник и слаб играч, но јас не сум ниту едното ниту другото и имам намера да им докажам на луѓето дека грешат. Очигледно дека сум разочаран што не успеав во Премиер лигата, но имам верба во мојата сопствената способност и мојата единствена грижа сега е Гејтсхед. Мојот договор е само до крајот на сезоната. Но, ако работите одат добро, кој знае, можда би можел да останам подолго.[11] Сепак, Диа подоцна бил ставен на трансфер листа поради слабата форма и откако го напуштил Гејтсхед, тој имал краток престој во Спенимор Јунајтед.[11]

Наследство[уреди | уреди извор]

Денес Диа е познат, особено во Англија, како најлошиот играч кој прошетал по терените во Премиер лигата, често вклучен во листите на најлоши играчи или најлоши трансфери.[1][13] Тој е на првото место во рангирањето на 50-те најлоши играчи составени од Times,[14] е вклучен во листата на 10 најлоши играчи составена од Sun[15] и е на четвртата позиција на листата на 50-те најлоши напаѓачи според Daily Mail.[16]

Статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 6 септември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1995-1996 Германија Либек 2 0 - - - - - - - - - 2 0
ное. 1996 Англија Саутхемптон ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 1 0
Вкупно во кариерата 3 0 0 0 0 0 - - 3 0

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Hills, David (6 August 2000). „The 10 worst foreign signings of all time“. The Observer. Посетено на 18 December 2012.
  2. Али Диа на FootballDatabase.eu
  3. 3,0 3,1 „Never again...“. BBC Sport. 1 April 2003. Посетено на 18 December 2012.
  4. „Али Диа - најпознатиот фудбалски измамник“. 15 септември 2022. 12 ноември 2012.
  5. „CLASSIC Ali Dia: Southampton legend Matt Le Tissier, Graeme Souness, and more on George Weah's cousin – football's most famous phoney“. Talksport. 2 May 2020. Посетено на 11 July 2022.
  6. 'What's this geezer doing? He's hopeless' – the Ali Dia story“. The Guardian. 22 November 2016. Посетено на 11 July 2022.
  7. Holley, Duncan; Chalk, Gary (2003). In That Number – A post-war chronicle of Southampton FC. Hagiology Publishing. стр. 248 & 504. ISBN 0-9534474-3-X.
  8. Gibbs, Thom (7 February 2011). „Five terrible debuts to make Fernando Torres feel better“. The Daily Telegraph. Посетено на 18 December 2012.
  9. „The one-off who played for Southampton“. The Guardian. Посетено на 3 December 2013.
  10. „The Journal of Failure“. The Legend of Ali Dia. Архивирано од изворникот на 12 December 2013. Посетено на 3 December 2013.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 „The Search for Ali Dia, Legendary Football Hoaxster Turned Houdini“. Bleacher Report. 15 October 2015.
  12. „Gateshead F.C. Season 1996/97“. Unofficial Gateshead Football Club Statistics Database. Архивирано од изворникот на 9 October 2011. Посетено на 23 July 2011.
  13. „Premiership's Top 10 Foreign Flops“. Who Ate All the Pies? (англиски). 25 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2008-05-25. Посетено на 18 декември 2012. Занемарен непознатиот параметар |urlarchivioarchiveurl= (help); Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  14. Alex Murphy (4 јули 2007). „The 50 worst footballers“ (англиски). Посетено на 20 јули 2007. Занемарен непознатиот параметар |giornale= (help)
  15. Предлошка:Citе news
  16. Tom Bellwood (9 октомври 2009). „The worst strikers to have played in the Premier League“. Daily Mail (англиски). Посетено на 18 декември 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]