Тони Пјулис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тони Пјулис
Tony Pulis
Лични податоци
Роден на 16 јануари 1955(1955-01-16)(69 г.)
Роден во Њупорт, Велс
Клупски податоци
Сегашен клуб Стоук Сити (менаџер)
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Ентони Ричард Пјулис (англиски: Anthony Richard "Tony" Pulis) или Тони Пјулисвелшки фудбалски менаџер роден во Њупорт на 16 јануари 1958 година. Тој е моментално тренер на тимот од англиската Премиер лига Стоук Сити. Тој е поранешен фудбалер на помали тимови во Англија како Бурнемаут и Бристол Роверс. Неговиот син Ентони Пјулис е исто така професионален фудбалер.

Менаџерска кариера[уреди | уреди извор]

Пјулис своите први менаџерски чекори ги направи во тимот во којшто играше, Бурнемаут како играч тренер (помошник тренер на Хари Реднап). По заминувањето на Реднап од клупата Пјулис беше и официјало назначен за првпат како менаџер на една екипа.Но тука не се задржи многу и само две години од 1992–1994.По Бурнемаут тој го презеде кормилото на во тој момент една лига подобро рангираниот Гилингем. Во Гилингем остана 4 години но неуспеа да го внесе тимот во Премиер лигата по што следеше трансфер во Бристол Сити. Пјулис беше назначен за менаџер на Бристол Сити во јули 1999. Добрите изданија на тимот под негово водство и победите над неколку премиерлигаши му обезбедија на Велшанецот можност да се пресели во уште поголем тим. Во јануари од сезоната Пјулис прејде во Портсмут во 2000 година. Но и Портсмут во тој момент се натпреваруваше во втората лига по ранг во Англија а сопственик бил Милан Мандариќ. На Фратон Парк тој остана само 10 месеци кога беше заменет со Стив Клариџ.

По две години без работа тој стигна на клупата на Стоук со цел конечно да избори премиерлигашка сезона.Но тимот во трите сезони кои го предводеше Пјулис имаше лоши резултати а најдобриот пласман беше 11-тото место во сезоната 2003-04 па на 30 јуни Пјулис беше отпуштен и заменет со Јохан Боскамп.

Следната сезона тој го предводеше Плимут и имаше солидни резултати,тимот беше во горниот дел на табелата со неколку добри засилувања за на крајот да заврши 14-ти.2006–тата година Пјулис повторно се враќа во Стоук Сити по вторпат. Овој пат многу подобро проаѓа со оглед на фактот што сѐ уште е менаџер на тимот од Британија стадионот. Во сезоната 2008-09 Пјулис со Стоук Сити изборува промоција во Премиер лигата. Таму тимот игра четврта година по ред.Во првите три сезони Стоук ниту еднаш не се најде во ситуација да се бори за опстанок во финишот на некоја сезона.Во сезоната 2008-2009 Стоук беше 12-ти,2009-2010 11-ти,а во сезоната 2010-2011 успеа да избори место во Лигата на Европа иако на крајот од сезонта биле 13-ти. Тоа му успеа бидејќи Пјулис и неговите фудбалери успеале да се пласираат во финалето на ФА купот каде биле поразени со 1:0 од Манчестер сити. Летото 2011-тата година знаејќи дека го очекуваат и европски мечеви Пјулис донел уште квалитетни и искусни играчи како:Питер Крауч, Вилсон Паласиос и Џонатан Вудгејт од Тотенхем и Метју Апсон од Вест Хем Јунајтед.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]