Аврам Писевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аврам Писевски
Роден 21 јануари, 1921 година
Галичник, Македонија
Починал 11 јуни, 1944 година
Ратковица, Осоговски Планини, Македонија

Аврам Димитров Писевски (21 јануари 1921[1] Галичник11 јуни 1944 во Ратковица, Осоговски Планини) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден и израснат е во печалбарско семејство. Основно училиште завршил во селото, а гимназија во 1940 година во Скопје. Истата година се запишал на Техничкиот факултет во Белград. Меѓутоа, поради војната ги прекинал студиите. Уште како ученик во Машката гимназија во Скопје, бил во редовите на најнапредните младинци. Во 1940 година учествувал во демонстрациите, поради што бил затворен. Од првите денови на окупацијата активно работел на омасовувањето на народно-ослободителното движење како меѓу студентите, така и меѓу работничката младина. Во 1942 година се запишал на Економскиот факултет во Софија, со цел непосредно да ја организира македонската студентска младина да ги напушти студиите и да оди во партизанските одреди. Истовремено учествувал во организирањето на сите акции за помош на НОВ. Во почетокот на 1943 година се вратил во Скопје. Постојано се грижел за илегалците кои доаѓале во Скопје и ги прибирал во својата куќа. Во април 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите големи борби на Бригадата.[2]

На 11 јуни 1944 година тој храбро загинал на планината Осогово, во близина на селото Ратковица, во мајско-јунската офанзива во борба со бугарските окупатори. На местото на неговата погибија постои и споменик. Неколку училишта низ државата го носат неговото име.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „НАШИОТ ПАТРОН | Avram Pisevski“ (англиски).
  2. 2,0 2,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 115–116. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. „30 ГОДИНИ ЕДУКАЦИЈА ВО ООУ АВРАМ ПИСЕВСКИ“. Karpos.gov.mk. 2016-05-13.