Џејмс Хатон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Џејмс Хатон.

Џејмс Хатон (англ. James Hutton; 3 јуни 1726 во Единбург26 март 1797 во Единбург) бил шкотски природонаучник, геолог, физичар и хемичар. Се смета за татко на современата геологија и геохронологија. На него се должат теориите на геолошкиот актуализам и плутонизам. По него е именуван минералот хатонит.

Биографија[уреди]

Џејмс Хатон се родил на 3 јуни 1726 година во многудетното семејство на еден трговец од Единбург. Таткото на Џејмс починал многу рано. Хатон ја завршил Кралската школа во Единбург, каде главно го интересирале математиката и хемијата, и на возраст од 14 години се запишал на Единбуршкиот универзитет на правниот факултет, но повеќе го интересирале хемиските експерименти отколку судењето.

На 18 години станал асистент во физичката лабораторија, истовремено посетувајќи лекции по медицина на универзитетот. Потоа Хатон заминал за Париз, каде поминал три години, а во 1749 го добил звањето доктор на медицина на Лејденскиот универзитет по теоријата на циркулација на крвта. Потоа Хатон се вратил во Лондон, а во 1750 година во Единбург, каде повторно работел на хемиски експерименти заедно со својот пријател Џејмс Дејви. Нивната заедничка работа за добивање на амониум хлорид од саѓите прераснала во успешен бизнис за производство на кристални соли користени за боење и металопреработка, и миризливи соли, кои дотогаш биле познати само во природна форма и се донесувале од Египет.

Научни погледи[уреди]

По 25 годишното внимателно проучување на ерозијата во речните долини и образувањето на седименти во естуарите на реките, Хатон го напишал двотомниот трактат ,,Историја на Земјата‘‘. ,,Теоријата на Земјата‘‘ била предавана во две лекции на Кралското здружение во Единбург, најпрво од неговиот пријател Џозеф Блек на 7 март 1785 година (поради болеста на Хатон), а потоа од Хатон на 4 април 1785 година. На заседанието на здружението од 4 јули 1785 година, Хатон дал кратко резиме на својата дисертација ,,Concerning the System of the Earth, its Duration and Stability‘‘.

Новите теории на Хатон им противречеле на популарната во тоа време теорија на нептунизмот на Абрахам Вернер, која сметала дека образувањето на сите планини е последица на Големиот потоп. Исто така, Хатон претпоставил дека внатрешниот дел на Земјата е течен и дека од течната лава се создале новите планини. Оваа теорија го добила името плутонизам.

Дела[уреди]

  • 1785. Abstract of a dissertation read in the Royal Society of Edinburgh, upon the seventh of March, and fourth of April, MDCCLXXXV, Concerning the System of the Earth, Its Duration, and Stability. Edinburgh. 30pp.
  • 1788. The theory of rain. Transactions of the Royal Society of Edinburgh, vol. 1, Part 2, pp. 41-86.
  • 1788. Theory of the Earth; or an investigation of the laws observable in the composition, dissolution, and restoration of land upon the Globe. Transactions of the Royal Society of Edinburgh, vol. 1, Part 2, pp. 209—304.
  • 1792. Dissertations on different subjects in natural philosophy. Edinburgh & London: Strahan & Cadell.
  • 1794. Observations on granite. Transactions of the Royal Society of Edinburgh, vol. 3, pp. 77-81.
  • 1794. A dissertation upon the philosophy of light, heat, and fire. Edinburgh: Cadell, Junior, Davies.
  • 1794. An investigation of the principles of knowledge and of the progress of reason, from sense to science and philosophy. Edinburgh: Strahan & Cadell.
  • 1795. Theory of the Earth; with proofs and illustrations. Edinburgh: Creech. 2 vols.
  • 1797. Elements of Agriculture. Неопубликовано.
  • 1899. Theory of the Earth; with proofs and illustrations, vol III, Edited by Sir Archibald Geikie. Geological Society, Burlington House, London.