Џамија Хаџи Махмуд-бег (Битола)
Основни податоци | |
---|---|
Место | Битола, Македонија |
Припадност | сунитски ислам |
Духовно-организациски статус | активна |
Водство | Битолско муфтиство |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Завршен | 1522 |
Особености | |
Куполи | 1 |
Минариња | 1 |
Материјали | камен |
Џамијата Хаџи Махмуд-бег — муслимански храм кој се наоѓа во Битола, Македонија.
Историја[уреди | уреди извор]
Џамијата била изградена во 1521/1522 година, додека била реновирена во 1873 година. Таа се наоѓа во Рибниот пазар, во Старата чаршија на левата страна од реката Драгор.
Џамијата била изградена по наредба на управникот на градот Хаџи Mахмуд-бег, познат како Томрук-ага, кој основал вакаф што се состоел од сума од 300.000 аспри, недвижен имот и приходи од неколку населби. Медресата 'Турклер' и анот биле дел од комплексот, a џамијата била изградена во селџучки стил со основа од 11,50 м x 11,50 м и минаре со полихромни украси[1].
За време на Првата светска војна куполата на џамијата била оштетена поради интензивното бомбардирање, а шерефето на минарето било уништено во земјотресот кој се случил во градот во 1996 година.[2]
Обнова 2019[уреди | уреди извор]
Обновата на џамијата почнала во 2019 година и се очекува да биде завршена во 2022 година. Работите на обновата (реставрацијата) ги врши турската приватна компанија „Леда ресторасион“ за Агенцијата Анадолија.[2]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ http://www.makedonika.org/whatsnew/024%20-%2003%20Spisanie%202010%20Robert%20Mihajlovski%2001%20ok%282%29.pdf
- ↑ 2,0 2,1 Алију, Џихат (11.04.2022). „Османлиската џамија во Битола, чија реставрација ја врши Турција, го чека денот кога ќе биде отворена за богослужба“. АА. Посетено на 30 декември 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
|