Џамија Казанџилер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Казанџилер
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска
Завршен17 век
Особености
Куполи1
Минариња1

Џамијата Казанџилер е поранешна џамија која се наоѓала во Старата скопска чаршија. Познато е дека била изградена во текот на 17. век од страна на казанџискиот еснаф во чаршијата и по својот изглед претставувала скромна градба.[1] Џамијата била разрушена во земјотресот од 1963 година.[2]

Во минатото, џамијата Казанџилер, заедно уште со Ѓулчилер амам и Куршумли ан, образувале една целина, од која денес е преостанат само Куршумли ан, кој бил обновен по делумното разрушување во земјотресот.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Казанџилер џамија Архивирано на 28 март 2012 г., sataracarsija.mk.
  2. Ослободувањето и катастрофалниот земјотрес во ’63 – та Архивирано на 12 септември 2011 г., sataracarsija.mk.
  3. Кури амам бил сува бања Архивирано на 8 март 2016 г., Вест, 29 декември 2008.