Бала Маало џамија — стара османлиска џамија во градот Кичево. Му припаѓа на Кичевското муфтиство на ИВЗ.
Џамијата се наоѓа во населбата Бала Маало, северно од ридот Китино Кале. Изградена е во раниот османлиски период. Можно е да се работи за Мехмед-хан џамијата спомената во османлиски сефтер од 1564 година.[1]