Јотабајт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Содржатели на бајтот
Децимални SI-претставки Бинарни IEC-претставки
Назив
(симбол)
Стандард
(SI)
Бинарна
примена
Назив
(симбол)
Вредност
килобајт (кБ) 103 210 кибибајт (КиБ) 210
мегабајт (МБ) 106 220 мебибајт (Миб) 220
гигабајт (ГБ) 109 230 гибибајт (ГиБ) 230
терабајт (ТБ) 1012 240 тебибајт (ТиБ) 240
петабајт (ПБ) 1015 250 пебибајт (Пиб) 250
ексабајт (ЕБ) 1018 260 ексбибајт (ЕиБ) 260
зетабајт (ЗБ) 1021 270 зебибајт (ЗиБ) 270
јотабајт (ЈБ) 1024 280 јобибајт (ЈиБ) 280
Поврзано: Содржатели на битот  · Величински редови на податоците

Јотабајт (yottabyte, кратенка: YB или ЈБ; изведено од SI-претставката јота-) е единица за податоци или компјутерско складирање еднаква на септилион (еден квадрилион по долгата скала или 1024) бајти (еден квадрилион гигабајти). Во 2010 г. сè уште не постои систем што може да собере еден јотабајт податоци. Впрочем, збирниот капацитет на сите тврди дискови во целиот свет заедно не изнесува ниту еден јотабајт. Според едно истражување, во 2006 г. сите компјутери на светот заедно имаат капацитет од 160 ексабајти.[1] Проценето е дека во 2009 г. целиот интернет содржел близу 500 ексабајти.[2]

Кога се користи со бајтови содржатели, SI-претставката означува 1000-ти степен:

  • 1.000.000.000.000.000.000.000.000 бајти — 10008, или 1024

Поимот „јобибајт“ (YiB), кадешто се користи бинарна претставка, се употребува за соодветниот содржател на 1024.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]