Ексабајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Содржатели на бајтот
Децимални SI-претставки Бинарни IEC-претставки
Назив
(симбол)
Стандард
(SI)
Бинарна
примена
Назив
(симбол)
Вредност
килобајт (кБ) 103 210 кибибајт (КиБ) 210
мегабајт (МБ) 106 220 мебибајт (Миб) 220
гигабајт (ГБ) 109 230 гибибајт (ГиБ) 230
терабајт (ТБ) 1012 240 тебибајт (ТиБ) 240
петабајт (ПБ) 1015 250 пебибајт (Пиб) 250
ексабајт (ЕБ) 1018 260 ексбибајт (ЕиБ) 260
зетабајт (ЗБ) 1021 270 зебибајт (ЗиБ) 270
јотабајт (ЈБ) 1024 280 јобибајт (ЈиБ) 280
Поврзано: Содржатели на битот  · Величински редови на податоците

Ексабајт (од англ. exabyte) е единица за податоци или складирање на сметачки податоци. Изведена е од SI-префиксотекса-“ и изнесува квинтилион бајти. Симболот на оваа единица е ЕБ (EB). кога се користи кај содржатели на бајтите, единицата означува степенување на основа на 1000:

  • 1 ЕБ = 1.000.000.000.000.000.000 Б = 1018 бајти = 1 милијарда гигабајти = 1 милион терабајти

Поимот „ексбибајт“, кој има бинарен префикс, се користи за степенување на основа на 1024 бајти.

Начелно земено, еден 64-битен обработувач од обичен сметач може да адресира 16 ексбибајти, т.е. нешто над 18 ексабајти податоци.[1]

Употреба на ексабајтот[уреди]

Нa март 2010 , вкупниот светски проток на податоци на интернет за тој месец изнесувал околу 21 ексабајти.[2] Нa мај 2009

збирното колчество на содржини на интернет е проценто на 500 милијарди гигабајти, или 500 ексабајти.[3]

Според студија на IDC под покровителство на EMC, во 2006 г. се создадени 161 ексабајти податоци, односно „3 милиони пати повеќе информации од вкупната содржина на сите книги напишани во историјата“. Овој број се очекува да достигне 988 ексабајти во 2010 г.[4][5][6]

Според CSIRO, во следната деценија се очекува астрономите секој час да обработуваат 10 петабајти податоци добиени од телескопот „Квадратнокилометарски строј“ (Square Kilometre Array, SKA).[7] Ова значи дека телекскопот ќе дава по еден ексабајт податоци на секои четири дена. Според IBM, овој проект ќе создава по еден ексабајт дневно. IBM моментално изработува програм кој би можел да ги обработува овие информации.[8]

Неколку податотечни системи користат формати на дискови кои теоретски поддржуваат големини од по неколку ексабајти. Вакви се Btrfs, XFS, ZFS, exFAT и NTFS.

Податотечниот систем ext4 поддржува количества до 1 ексабајт, но досегашните кориснички алатки сè уште не се способно да работат со вакви системи.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Кратка историја на виртуелното складирање и 64-битната адресност“. http://publib.boulder.ibm.com/infocenter/zoslnctr/v1r7/topic/com.ibm.zconcepts.doc/zconcepts_102.html. конс. 17 февруари 2007.  (англиски)
  2. CISCO (англиски)
  3. „Податоците на интернет кон 500 наближуваат милијарди гигабајти“, The Guardian. 18 мај 2009. проверено на 23 април 2010 (англиски)
  4. Џон Ганц (мај 2008). „Подновено предвидување на порастот на податоците во светот заклучно со 2011 г.“. IDC. http://www.emc.com/digital_universe/. конс. 20 април 2009.  (англиски)
  5. Bree Nordenson (1 април 2009). „Преоптоварување! Битката за релевантност на новинарството во ера на премногу информации“. Columbia Journalism Review. http://www.cjr.org/feature/overload_1.php. конс. 20 април 2009.  (англиски)
  6. Кетлин Паркер (декември 2008). „Исклучи, излези од фазон, намини“. Washington Post. http://www.washingtonpost.com/wp-dyn/content/article/2009/03/31/AR2009033103318.html. конс. 11 април 2009.  (англиски)
  7. „Од молекули до Млечниот Пат: справување со поплавата од податоци“. http://www.csiro.au/news/ps3ng.html. конс. 10 ноември 2007. 
  8. Телескопот SKA ќе дава податоци за за обработка колку милијарда лични сметачи (англиски)

Надворешни врски[уреди]