Терабајт
Терабајт (од англ. terabyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според системот SI, претставката „тера“ значи 1012, па така 1 терабајт има 1000000000000бајти, 1 трилион бајти или 1000 гигабајти. Изразен со бинарни претставки, 1 терабајт е еднаков на 0,9095 тебибајти, или 931,32 гибибајти. Симбол на единицата е ТБ (TB) или Тбајт (Tbyte).
|
|
||||
|---|---|---|---|---|
| Децимални SI-претставки | Бинарни IEC-претставки | |||
| Назив (симбол) |
Стандард (SI) |
Бинарна примена |
Назив (симбол) |
Вредност |
| килобајт (кБ) | 103 | 210 | кибибајт (КиБ) | 210 |
| мегабајт (МБ) | 106 | 220 | мебибајт (Миб) | 220 |
| гигабајт (ГБ) | 109 | 230 | гибибајт (ГиБ) | 230 |
| терабајт (ТБ) | 1012 | 240 | тебибајт (ТиБ) | 240 |
| петабајт (ПБ) | 1015 | 250 | пебибајт (Пиб) | 250 |
| ексабајт (ЕБ) | 1018 | 260 | ексбибајт (ЕиБ) | 260 |
| зетабајт (ЗБ) | 1021 | 270 | зебибајт (ЗиБ) | 270 |
| јотабајт (ЈБ) | 1024 | 280 | јобибајт (ЈиБ) | 280 |
| Поврзано: Содржатели на битот · Величински редови на податоците | ||||
Употреба [уреди]
Произведувачите секогаш ја изразуваат големината на нивните тврдите дискови со SI-единици. Но некои полиња на информатиката практикуваат вкоренето толкување на терабајтот како бинарна претставна единица (1024). Организациите за стандардизација како Меѓународната електротехничка комисија (IEC), Институтот на електротехнички и електронски инженери (IEEE) и Меѓународната организација за стандардизација (ISO) препорачуваат да се користи поимот „тебибајт“ за означување на традиционалната мерка од 10244 бајти, или 1024 гибибајти. Оттука следуваат толкувањата:
- Според стандардна употреба по системот SI: 1 терабајт (ТБ) е еднаков на 1000000000000бајти = 10004 или 1012 бајти.
- Според традиционалното бинарно толкување, терабајтот би изнесувал 1099511627776бајти = 10244 = 240 бајти = 1 тебибајт (ТиБ).
Капацитетот на складишните носачи на податоци се изразуваат според стандардното значење на претставката според SI, но многу оперативни системи и програми прикажуваат единици со бинарна основа. Mac OS X 10.6 (Snow Leopard) ги изразува во децимални единици.
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
|
||||||||||||||||||||