Гигабајт
|
|
||||
|---|---|---|---|---|
| Децимални SI-префикси | Бинарни IEC-префикси | |||
| Назив (симбол) |
Стандард (SI) |
Бинарна примена |
Назив (симбол) |
Вредност |
| килобајт (кБ) | 103 | 210 | кибибајт (КиБ) | 210 |
| мегабајт (МБ) | 106 | 220 | мебибајт (Миб) | 220 |
| гигабајт (ГБ) | 109 | 230 | гибибајт (ГиБ) | 230 |
| терабајт (ТБ) | 1012 | 240 | тебибајт (ТиБ) | 240 |
| петабајт (ПБ) | 1015 | 250 | пебибајт (Пиб) | 250 |
| ексабајт (ЕБ) | 1018 | 260 | ексбибајт (ЕиБ) | 260 |
| зетабајт (ЗБ) | 1021 | 270 | зебибајт (ЗиБ) | 270 |
| јотабајт (ЈБ) | 1024 | 280 | јобибајт (ЈиБ) | 280 |
| Поврзано: Содржатели на битот · Величински редови на податоците | ||||
Гигабајт (од англ. gigabyte) е содржател (изведена единица) на единицата за дигитални податоци бајт. Префиксот „гига“ начи 109 според SI-системот, па така 1 „гигабајт“ изнесува 1. Симбол на единицата е ГБ[1] (GB) или Гбајт (Gbyte), но не и Гб или Gb (мало б), бидејќи ова е симбол за гигабит.
Порано, во некои области на информатиката поимот се користел со значење на гибибајт, т.е. 1 (10243 или 230) бајти. Институт на електротехнички и електронски инженери (IEEE) во САД го определил поимот во однос на неговата употреба кај струјните разводници.[2] Меѓутоа во 2000 г, IEEE ја усвоил препораката на Меѓународната електротехничка комисија (IEC) за употреба на толкување со метрички префикс.
Денес употребата на поимот „гигабајт“ и понатаму зависи од контекстот. Кога станува збор за капацитет на складирање информации, тогаш единицата подразбира 109 бајти. Ова важи и за количеството на пренесени податоци преку телекомуникациски кола, поради тоа што SI-префиксот отсекогаш наоѓал посветена примена во телекомуникациите и сметачките мрежи. Кога станува збор за големина на RAM, гигабајтот има бинарно толкување од 10243 бајти, т.е. како синоним за гибибајт. Податотечните системи и програмите ја изразуваат големината на податотеките или слободниот простор со некоја мешвина на SI-единици и бинарни единици; тука напати се користат SI-предикси за да се претстави бинарното толкување - т.е. бројот се изразува во гагабајти (GB), кога всушност треба да се изрази во гибибајти (ГиБ, GiB).
Како решение за оваа недоследност, Меѓународната електротехничка комисија ја промовира употребата на поимот „гибибајт“ за бинарно толкување. Овој став го застапуваат и други стандардизациони организации како IEEE, Меѓународниот комитет за тегови и мерки (CIPM) и Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), но бинарните префикси досега не се широко прифатени. Индустрискиот конзорциум JEDEC и понатаму им препорачува на производителите на носачи на податоци да ја користат номенклатуратата IEEE 100 за употреба на метрички префикси како кило, мега и гига во нивно бинарно толкување.
Содржина |
[уреди] Примери за гигабајтски капацитет
- Еден час телевизиски програм со стандардна дефиниција (SDTV) при 2,2 Мбит/сек — околу 1 ГБ.
- Седумминутен телевизиски програм со висока дефиниција (HDTV) при 19,39 Мбит/сек — околу 1 ГБ.
- 114 минути незбиена снимка со CD-квалитет при 1,4 Мбит/сек — околу 1 ГБ.
- DVD-R има капацитет од 4,7 ГБ.
- Двослоен Blu-ray диск има капацитет од 50 ГБ.
- UMD-диск има капацитет од 0,9 ГБ податоци. (1,8 GB ако е двослоен)
[уреди] Поврзано
[уреди] Наводи
- ↑ „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“. Министерство за информатичко општество на РМ. стр. 22. http://www.mio.gov.mk/files/pdf/POIMNIK.pdf. проверено на 17 ноември 2010. (македонски)
- ↑ IEEE Standard Definitions for Power Switchgear, IEEE Std C37.100-1992, E-ISBN 0-7381-1047-7, 1992
[уреди] Надворешни врски
- Бинарни единици за податотечна големина (англиски)
- SI-единици за податотечна големина (англиски)
|
||||||||||||||||||||

