Зетабајт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Содржатели на бајтот
Децимални SI-префикси Бинарни IEC-префикси
Назив
(симбол)
Стандард
(SI)
Бинарна
примена
Назив
(симбол)
Вредност
килобајт (кБ) 103 210 кибибајт (КиБ) 210
мегабајт (МБ) 106 220 мебибајт (Миб) 220
гигабајт (ГБ) 109 230 гибибајт (ГиБ) 230
терабајт (ТБ) 1012 240 тебибајт (ТиБ) 240
петабајт (ПБ) 1015 250 пебибајт (Пиб) 250
ексабајт (ЕБ) 1018 260 ексбибајт (ЕиБ) 260
зетабајт (ЗБ) 1021 270 зебибајт (ЗиБ) 270
јотабајт (ЈБ) 1024 280 јобибајт (ЈиБ) 280
Поврзано: Содржатели на битот  · Величински редови на податоците

Зетабајт (од англ. zettabyte), (симбол: ЗБ или ZB, изведен од SI-префиксотзета-“) е единица за информации или складирање на сметачки податоци еднаква на еден секстилион (трилијарда) бајти.[1][2][3][4]

  • 1.000.000.000.000.000.000.000 бајти = 10007 или 1021.

Поимот „зебибајт“ (ЗиБ, ZiB), кој има бинарен префикс, се користи за изразување на основа на 1024.

[уреди] Споредба

Еден зетабајт е еднаков на милијарда терабајти.

Според годишното истражување на International Data Corporation, количеството на дигитални податоци во светот се очекува да надмине 1,2 зетабајти во текот на 2010 г. Ова е рамносилно на податоците што би се создале ако секој на светот постојано испраќа пораки на Twitter цел век без престан.[5]

Стручњакот Марк Либерман пресметал дека сите зборови изговорени во историјата на човештвото би можеле да се сместат на дигитална снимка од 42 зетабајти со 16-битен запис при 16 kHz[6].

Според истражувањето извршено на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, во 2008 г. Американците потрошиле 3,6 зетабајти информации.[7]

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици