Јакоб Хенрик ван'т Хоф
Јакоб Хенрик ван 'т Хоф (холандски: Jacobus Henricus van 't Hoff) е роден во Ротердам, Холандија на 30 август 1852 година бил холандски хемичар.[1] Добитник на Нобеловата награда по хемија во 1901 година за својата работа врз откривањето на законите на хемиската динамика и осмостскиот притисок на растворите.
Бил трето дете од седум во фамилијата на Jacobus Henricus Van't Hoff (лекар по професија)[1] и Alida Jacoba Kolff.
Во 1871 година ја завршува Високата техничка школа во Делфт. Подоцна се посветува на филозофија, поезија и математика. Почнува да студира математика, но големите хемичари од тоа време го привлекуваат неговото внимание. Во 1874 година докторира на Универзитетот во Утрехт со која ги поставува основите на стереохемијата.[1]
Ван'т Хоф бил член на Кралската холандска академија на науки, Пруската академија на науките, Британското кралско хемиско друштво, на Американската национална академија на науките, Американското хемиско друштво и на Француската академија на науките.
Умира во Берлин на 1 март 1911 година од туберкулоза.
[уреди] Литература
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
