Адем Имери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адем Имери
Adem Imeri
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Адем Имери (албански: Adem Imeri Кондово, Скопско) е поранешен член на ОНА. Тој бил шеф на експозитурата „КОКА“ (Нарко мафијашко крило на ОНА) во Скопје на Мендух Тачи.

На 10 октомври 2000 заедно со Насер Харуни од Кондово, Сали Меџаит од Глумово, Имери Мамер и Мухарм Башким, сите активисти на ДПА, учествувале во инцидентот на локалните избори во скопското село Кондово ранувајќи ги Ведат Мемети и Џафер Алили а од Адем Имери бил ранет месниот жител Фатмир Јакупи, кој неколку дена подоцна починал. Против осомничените Адем Имери, Насер Харуни, Сали Меџаит, Имери Мамер и Мухарм Башким, сите активисти на ДПА, била поднесена кривична пријава за спречување на избори и гласање, а против Имери била поднесена и кривична пријава за убиство[1]..

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Заврши доказната постапка против осомничените за убиство и за прекин на изборите во Кондово“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-02-19.