Црква „Св. Петка“ - Бер
Света Петка | |
---|---|
Αγίας Παρασκευής | |
40°31′23.4″N 22°12′8.7″E / 40.523167° СГШ; 22.202417° ИГД | |
Место | Бер |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | о. 1600 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Бер |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Света Петка(грчки: Αγία Παρασκευή) поранешна — црква во градот Бер, Егејска Македонија.
Црквата е изградена во средниот век. Се наоѓала на пресекот на денешните улици улици „Кавадија“ и „Платанон“. По османлиското заземање на градот во 1433 г. храмот е претворен во џамија наречена Фураџи- или Казанџи-џамија (турски: Fırıncı, Kazancı Camii). Други имиња на џамијата се Мелик или Аји, т.е. „Мечкина џамија“. Така е наречена поради лавовската статуа која се наоѓала до неа, денес поставена во Берскиот археолошки музеј. До џамијата има фонтана која се користела за перење, а на статуата се беселе алишта за сушење, поради што со годините преостанала да личи на лав и почнала да личи на мечка.
Џамијата изгорела во големиот пожар од 1864 г. Во 1920 г. настрадала во друг пожар, по што се откриени остатоци од црквата.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Fırıncı (Kazancı) Mosque“. Traces of Ottoman. Архивирано од изворникот на 2014-05-13. Посетено на 9 мај 2014.