Гегиско наречје — едно од двете наречја или облици на албанскиот јазик. Другото е тоскисккото, врз кое се темели стандардниот албански. Гегиското наречје се зборува во северна Албанија, северозападна Македонија, источна Црна Гора, јужна Србија и во албанската дијаспора. Понекогаш се користи и во медиумите во Косово. Традиционално се смета дека се зборува северно од реката Шкумба.