Бугарски македонски песни (збирка од 1926 г.): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Инфокутија за книга | name = Бугарски Македонски песни | title_orig = | translator = | imag...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 17: Ред 17:
| isbn =
| isbn =
}}
}}
[[Податотека:Bulgarian Macedonian songs, published 1926.jpg|мини|десно|230п|[https://www.strumski.com/books/Български%20македонски%20песни.pdf I том од збирките со македонски песни.]]]
'''''„Бугарски Македонски песни, Оригинални и во народен тон во 2 или 3 гласа за еднороден или мешан хор“''''' ''({{Јаз|bg|„Български Македонски песни, оригинален и въ народен тонъ на 2 и 3 гласа за единороденъ и смесенъ хоръ отъ Йосифъ Чешмеджиевъ“}})'' — [[антологија]] песни составена од [[македонци|македонскиот]] [[композитор]] [[Јосиф Чешмеџиев]], и издадена во [[Софија]], [[1926]] г.<ref name="Marko Kitevski 1">„Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. др. [[Марко Китевски]], Камелеон, 2009 г., Скопје</ref><ref name="Marko Kitevski 2">„Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. др. [[Марко Китевски]], Гирланда, 2017 г., Скопје</ref>

== Мотиви ==
== Мотиви ==
Во периодот додека пишувал за списанието „Устрем“, сфаќајќи го значењето на запишувањето, зачувувањето и популаризирањето на сопствената песна, „Сојузот на македонските младински културно-просветни организации“ во Бугарија, носи решение да се публикува зборник со македонски песни. Таа задача му ја доверува на Чешмеџиев кој веќе се занимавал со собирање на македонски народни песни. Тој морал да собере, одбере и да ги разработи песните кои ќе влезат во зборникот. Во предговорот кон збирката, Чешмеџиев соопштува неколку податоци што се однесуваат кон важни прашања од неговата собирачка дејност, имено, тој нагласува:<ref name="Marko Kitevski 1" /><ref name="Marko Kitevski 2" />

[[Податотека:Bulgarian Macedonian songs, published 1926.jpg|мини|лево|250п|[https://www.strumski.com/books/Български%20македонски%20песни.pdf I том од збирките со македонски песни.]]]

{{Quote
{{Quote

Преработка од 16:13, 21 мај 2021

Бугарски Македонски песни
Прва страница од оригиналното издание
АвторЈосиф Чешмеџиев
ЗемјаБугарија
Јазикмакедонски, бугарски
ЖанрМакедонски народни песни
Издавач„Сојуз на македонските младински културно-просветни организации“, Софија
Издадена
1926 г.

„Бугарски Македонски песни, Оригинални и во народен тон во 2 или 3 гласа за еднороден или мешан хор“ („Български Македонски песни, оригинален и въ народен тонъ на 2 и 3 гласа за единороденъ и смесенъ хоръ отъ Йосифъ Чешмеджиевъ“)антологија песни составена од македонскиот композитор Јосиф Чешмеџиев, и издадена во Софија, 1926 г.[1][2]

Мотиви

Во периодот додека пишувал за списанието „Устрем“, сфаќајќи го значењето на запишувањето, зачувувањето и популаризирањето на сопствената песна, „Сојузот на македонските младински културно-просветни организации“ во Бугарија, носи решение да се публикува зборник со македонски песни. Таа задача му ја доверува на Чешмеџиев кој веќе се занимавал со собирање на македонски народни песни. Тој морал да собере, одбере и да ги разработи песните кои ќе влезат во зборникот. Во предговорот кон збирката, Чешмеџиев соопштува неколку податоци што се однесуваат кон важни прашања од неговата собирачка дејност, имено, тој нагласува:[1][2]

I том од збирките со македонски песни.

„Сојузот на македонските младински културно-просветни организации во Бугарија ми го наложи собирањето и обработката на песните, што ќе влезат во зборникот. Јас со радост се наведнав под тешкиот товар. И тргнав заедно со мојот другар Н. Џеров, по селата и градовите да собираме песни, и за кусо време собравме 214 песни бисерчиња, кон 869 други кои ги собрав порано. Не сите ќе видат бел ден одеднаш, туку во неколку низи.“

Содржина

Според напишаното, во оваа збирка Чешмеџиев објавил само мал ден од своите записи. Исправен пред огромниот фонд запишани фолклорни материјали, и желбата тие да се обработат и објават, тој искажал оптимизам дека тоа ќе го оствари во повеќе изданија што тој ги нарекува „низи“. Оваа збирка содржи вкупно 48 македонски народни песни, сите во музичка обработка на Чешмеџиев. Има љубовни и обредни (лазарски, василичарски, свадбени песни), но и митолошки, хумористично-сатирични и други песни. Забележително е дека некои од песните се авторски, на пример, под две песни е потпишан Н. Џеров, под една Александар Попорушев итн. Под повеќе песни се потпишани се и информаторите, на пример, М. Антонова од Охрид, која на запишувачот му испеала повеќе песни, а има и малешевски, велешки, скопски, струмички, дебарски, струшки и штипски песни, како и песни од Виница, Петрич, с. Долни Орман, Неврокоп, с. Елешница, Демир-Хисар, с. Џерменци, с. Лешко, Горна Џумаја итн.[1][2]

За македонската фолклористика посебно е значаен и често е цитиран предговорот на оваа книга во кој Чешмеџиев искажува некои мисли за високите вредности на македонските народни песни и фолклор:[1][2]

„Ние Македонците без песна не можеме. И ја сакаме, силно си ја сакаме родната песна како наша, блиска, разбирлива – како јазик, кој говори за нашето минато, за нашево сегашно време ја и крие во себеси моралната и духовната моќ, потребни за утрешниот ден...“

„...Ние Македонците немаме сфинги и пирамиди, нашата таковина не е украсена со палати и материјални споменици, но има нешто кое ниту вековите, ниту природните стихии, ниту демонската рака на насилниците не можат да ги разурнат. Тоа е духот - самобитниот дух, револуционерниот дух на Македонецот и неговата неограничена љубов, кон родната стреа, кон густите шуми и планини и кон родната култура. Таа неограничена сила е излеана во единствениот споменик - народната песна и игра, најбогатото и најценетото наследство што ни останало од минатиот живот и културата на Македонецот, зачувано до денес”.
„...Да ја чуваме и пееме нашата народна песна, зошто е сила, и додека ја чуваме, ќе живее силниот дух на нејзиниот творец - народот.“

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. др. Марко Китевски, Камелеон, 2009 г., Скопје
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. др. Марко Китевски, Гирланда, 2017 г., Скопје