Делфин: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 11: Ред 11:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Цицачи]]
[[Категорија:Китови]]

[[ml:ഡോള്‍ഫിന്‍]]
[[ru:Дельфиновые]]

Преработка од 23:16, 4 декември 2017

Делфин.

Делфинот е морски цицач, близок сродник на китот.

Карактеристики

Постојат речиси 40 видови делфини, распоредени во 17 родови. Тие варираат од 1,2 метри во големина и 40 kg во тежина, па сѐ до 9,5 метри и десет тони. Можат да се најдат насекаде во светските мориња, а најмногу во поплитките мориња на крајбрежните гребени. Делфините се месојади и најмногу се хранат со риби и лигњи. Фамилијата на Delphinidae е најголема во редот Cetacea и релативно најмлада: делфините еволуирале пред околу 10 милиони години, за време на Миоцен. Овие животни се сметаат за едни од најинтелигентните, а нивното пријателско расположение и игривост ги направиле популарни во човечката култура. Делфинот живее во море или океан.

Делфинот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Насмевката на делфинот“ (Dolphin's Smile) - песна на американската рок-група „Брдс“ (The Byrds) од 1968 година.[1]
  1. YouTube, The Byrds - Dolphin's Smile (пристапено на 30.8.2017)