Среден мозок: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава bg:Среден мозък
с r2.7.1) (Робот: Ја менувам fa:مغز میانی во fa:میان‌مغز
Ред 57: Ред 57:
[[es:Mesencéfalo]]
[[es:Mesencéfalo]]
[[eu:Mesentzefalo]]
[[eu:Mesentzefalo]]
[[fa:مغز میانی]]
[[fa:میان‌مغز]]
[[fr:Mésencéphale]]
[[fr:Mésencéphale]]
[[ko:중간뇌]]
[[ko:중간뇌]]

Преработка од 16:21, 12 февруари 2013

Mesencephalon (среден мозок) е највисокиот дел од мозочното стебло. Средниот мозок има облик на цилиндар сместен во комуникациониот отвор на церебралната ложа на черепната кутија. Се наоѓа помеѓу мостот (понс) кој е каудално, и меѓумозокот (diencephalon) кој е кранијално. Составен е од мозочно ноже (pedunculus cerebri) и покрив (tectum mesencephali). Граница меѓу двата дела е дорзалната страна од мозочниот вод (aquductus cerebri-Sylvi). Мозочното ноже се состои од мозочен крак (crus cerebri) и покрив (tegmentum). Границата меѓу овие два дела ја сочинува substantia nigra. На средниот мозок се разликуваат предна, бочна и задна страна.

Облик и надворешен изглед

Внатрешен изглед и состав на мезенцефалонот

Мезенцефалонот има облик на неправилен цилиндар кој се карактеризира со четири страни: предна, задна и две бочни - лева и десна.

Предната страна на мезенцефалонот го покажува левиот и десниот мозочен крак (crus cerebri). Мозочните краци се две широки, цилиндрични и белкасти влакна кои излегуваат од препонтинската јама (fossa prepontina) и дивергирајќи навнатре, влегуваат во внатрешноста на големиот мозок. Помеѓу двата мозочни краци, на предната од мезенцефалонот се наоѓа интерпедункуларната јама (fossa interpeduncularis). На дното на оваа јама се наоѓа substantia perforate posterior издупчена со отвори за пролаз на крвните садови. Задната страна на мезенцефалонот односно tectum mesencephali, се карактеризира со четири белкасти брекчиња кои се симетрично распоредени по две на секоја страна од средишната линија. Тие се нарекуваат горни брекчиња (colliculus superior) и долни брекчиња (colliculus inferior). Од секое брекче излегува по еден мозочен крак во вид на белкаста и плосната лента. Кракот на горните брекчиња (branchium colliculis superioris) ги поврзува брекчињата со надворешното коленасто тело (corpus geniculatum laterale) на метаталамусот, додека кракот на долните брекчиња (branchium colliculi inferioris) ги поврзува долните брекчиња со внатрешното коленасто тело (corpus geniculatum mediale). Бочните страни на мезенцефалнот десната и левата ги представуваат тегментум и мозочниот крак (crus cerebri).

Составни делови

Двата главни дела на средниот мозок се тектум и тегментум.

Тегментум

Тегментум (покривач) се состои од делови на средниот мозок што се наоѓа по тектумот (кров). Тој ги опфаќа ростралните делови на ретикуларната формација, неколку јадра што го контролираат движењето на очните булбуси, периакведукталната сива маса, nucleus rubber, substantia nigra и вентралните тегментални регии. Во тегментумот се наоѓаат многубројни патишта од кои извесни само проаѓаат преку мезенцефалонот, додека други се раѓаат или завршуваат во мезенцефалонот. Патиштата кои што проаѓаат преку мезенцефалонот се веќе споменатите излезни и меѓупатишта кои што се раѓаат и завршуваат во мезенцефалонот. Најважните од овие патишта се:

  • lemniscus medialis
  • tractus spinothalamicus
  • lemniscus lateralis

Тектум

Тектум (од латинскиот збор покрив) го опфаќа дорзалниот дел на средниот мозок и тој е составен од два главни дела, горни и долни коликули, кои претставуваат четири испакнувања на површината на мозочното стебло. Долните коликули го опфаќаат аудитивниот систем, а долните коликули го опфаќаат визуелниот систем. Во мозокот на возрасниот човек тектумот се наоѓа само во мезенцефалонот како inferior colliculi и superior colliculi. Superior и inferior colliculi можат заеднички да бидат вклучени во одговарањето на дразбите побрзо отколку што тоа соодветните кортекси можат да го дозволат. Superior и inferior colliculi под заедничко име се нарекуваат corpora quadrigemina.

Внатрешен изглед и состав на мезенцефалонот

Сива маса на мезенцефалонот

Сивата маса на мезенцефалонот како и другите делови на мозочното стебло се состои од:

Бела маса на средниот мозок

Белата маса на мезенцефалонот ја сочинуваат патиштата кои проѓаат преку мозочниот крак или преку тегментумот.

Надворешни врски