Меѓумозок

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мозок: Меѓумозок
Illu diencephalon.jpg
Латинскиdiencephalon
Part ofЧовечки мозок
ComponentsТаламус, хипоталамус, епиталамус и субталамус

Меѓумозок (diencephalon) — дел од предниот мозок (prosencephalon), кој се наоѓа помеѓу големиот мозок (telencephalon) и средниот мозок (mesencephalon). Се состои од структури кои се на двете страни од третата мозочна комора: таламусот, хипоталамусот, епиталамусот и субталамусот.[1][2]

Меѓумозокот е еден од главните делови на мозокот кои се формираат за време на ембриогенезата. Во текот на третата недела од ембрионалниот развој, од ектодермот се формира нервна цевка, на која почнуваат да се диференцираат три главни дела: предниот мозок (prosencephalon), средниот мозок (mesencephalon) и ромбестиот мозок (rhombencephalon).[3][4] Предниот мозок потоа постепено се диференцира на голем мозок (telencephalon) и меѓумозок.

Структура[уреди | уреди извор]

Меѓумозокот се состои од следните структури:

Прилози[уреди | уреди извор]

Оптичкиот нерв (CNII) се прикачува за меѓумозокот. Тој е сензорен (аферентен) нерв, кој е одговорен за видот; почнува од окото, поминува низ оптичкиот канал во черепот и се прикачува за меѓумозокот. Самата ретина е изведена од оптичката чашка (лат. cupula optica), која е дел од ембрионалниот меѓумозок.

Функција[уреди | уреди извор]

Меѓумозокот е регионот од ембрионалната нервна цевка на `рбетниците од кого настануваат структури како што се таламусот, хипоталамусот, предниот дел на хипофизата и епифизата. Меѓумозокот исто така затвора празнина која се нарекува трета мозочна комора. Таламусот е релејен центар за сетилни и моторни импулси помеѓу `рбетниот и продолжениот мозок, и големиот мозок.[5][6] Тој препознава сензорни импулси за топлина, студ, болка, притисок и др. Подот на третата мозочна комора е наречен хипоталамус. Тој поседува контролни центри за контрола на движењата на очите и аудиторните одговори.

Слики[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Puelles, Luis; Martinez-de-la-Torre, Margaret; Ferran, Jose-Luis; Watson, Charles (2012-01-01). Watson, Charles. уред. The Mouse Nervous System. San Diego: Academic Press. стр. 313–336. ISBN 9780123694973. http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/B9780123694973100093. 
  2. Michael-Titus, Adina; Revest, Patricia; Shortland, Peter (2010-01-01). Michael-Titus, Adina. уред. The Nervous System (Second Edition). Churchill Livingstone. стр. 1–30. ISBN 9780702033735. http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/B9780702033735000010. 
  3. „Neural - Diencephalon Development - Embryology“. embryology.med.unsw.edu.au. конс. 2019-06-16. 
  4. „Chapter 153. The Diencephalon (second Vesicle) - Review of Medical Embryology Book - LifeMap Discovery“. discovery.lifemapsc.com. конс. 2019-06-16. 
  5. Martinez, Salvador; Martinez-Ferre, Almudena (2012 г). Molecular Regionalization of the Diencephalon (на English). „Frontiers in Neuroscience“ том  6. doi:10.3389/fnins.2012.00073. ISSN 1662-453X. https://www.frontiersin.org/articles/10.3389/fnins.2012.00073/full. 
  6. „The Diencephalon | Boundless Anatomy and Physiology“. courses.lumenlearning.com. конс. 2019-06-16. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]