Скриптирање на опслужувачка страна: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с Нова страница: Скриптирање на серверска страна (анг. '''Server-side scripting''') е веб сервер технологија каде што упи... |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 32: | Ред 32: | ||
==Креирање на динамички веб страници== |
|||
Креирањето на [[динамичка веб страница|динамички веб страници]] на страната на серверот е една од главните примени на јазиците за '''скриптирањето на серверска страна'''. |
|||
Како алтернатива на оваа техника се користи уште и '''[[систем на веб шаблони|системот на веб шаблони]]''' во таканаречена [[Model-view-controller|MVC рамка]]. Било кој [[Домен-специфичен програмски јазик|"не веб специфичен" програмски јазик]] може да се користи за управување со [[веб шаблони]]те. |
|||
==Види исто така== |
|||
* [[Content management system|content management system (CMS)]]. |
|||
* [[Web development]] |
|||
* [http://dmoz.org/Computers/Programming/Internet/Server_Side_Scripting/ Open Directory/Server Side Scripting] |
|||
[[Категорија:Скрипт јазици]] |
|||
[[en:Server-side scripting]] |
[[en:Server-side scripting]] |
||
[[fr:Langage serveur]] |
|||
[[nl:Server-side scripting]] |
|||
[[th:เซิร์ฟเวอร์-ไซด์ สคริปต์]] |
Преработка од 17:39, 1 април 2007
Скриптирање на серверска страна (анг. Server-side scripting) е веб сервер технологија каде што упитите се разрешуваат преку стартување на скрипта директно на веб серверот, која генерира димачка HTML страници. Оваа технологија вообичаено се користи за дизајнирање на интерактивни веб страници кои во позадина се поврзани со бази на податоци или слични складишта на податоци. Оваа технологија е реалична од технологијата на Скриптирање на клиентска страна каде што скриптите се извршуваат кај клиентот во рамките на веб прелистувачот. За оваа намена најчесто се користи JavaScript. Основната предност кај скриптирањето на серверска страна е можноста за прецизно подесување на одговорот на серверот согласно со барањата упатени од страна на клиентот, а согласно со неговите привилегии за пристап и дефинираните политики за работа со базите на податоци.
Explanation
Во "старите" времиња оваа технологија била исклучиво применувана во комбинација со C програмирањето, Perl скрипти и шел скрипти користејќи се со техниката Common Gateway Interface (CGI). Овие скрипти се извршуваат од страна на оперативниот систем. Кодирањето / програмирањето, се изведува на класичен начин согласно програмската спецификација за дадениот програмски јазик, а резултатите едноставно се испорачуваат на веб серверот кој понатаму ги доставува до веб клиентот. Денес, покрај гореспоменатите техники, исто така се користат и ASP и PHP, кои директно се извршуваат од страна на серверот или од страна на одредени модули (т.е. mod_perl или mod_php). Двата начина на скриптирање (т.е. CGI или директно извршување) можат да се исползуваат за креирање на комплексни веб страници. Препорачливо е да се користи техниката на директно извршување бидејќи вообичаено оваа техника резултира со побрз одзив бидејќи нема постојано повикување на соодветниот интерпретер.
Динамичките веб страни понекогаш се опслужувани од специјално дизајниран веб апликациски сервер, како што е например Python "Base HTTP Server" библиотеката.
Технологии за скриптирање на серверска страна
Било кој програмски јазик може да изгенерира веб страница со помош на CGI техниката. Во продолжение ќе бидат набројани технологии кои главно се дизајнирани за скриптирање на серверска страна, вообичаено со вгнездување на инструкциите директно во шаблонизираните веб страници.
- ASP
- Решение на Microsoft кое овозможува различни јазици (но најчесто се користи VBscript) да бидат вгнездени во HTML страниците. Во основа функционира само на Windows платформа, додека на другите платформи е со крајно лимитирана подршка.
- ColdFusion
- Комерцијален систем за скриптирање на серверска страна, работи на повеќе платформи
- ESP
- ESP или Escapade е креиран уште 1997 од страна на Ед Карп, најмногу се употребува во Европа, а многу малку е прифатен во САД.
- JSP
- Систем базиран на програмскиот јазик Java, кој се вгнездува во HTML страниците.
- Lasso
- Работи на повеќе платформи, интерпретерски програмски јазик.
- PHP
- opensource решение, кодот се вгнездува во HTML документот.
- JavaScript на серверска страна
- JavaScript се користи најчесто на клиентска страна но може често пати да се сретне и на серверска страна.
- SMX
- opensource програмски јазик сличен на Lisp, се вгнездува во HTML странците.
- Server Side Includes
- Основен систем кој е дел од apache веб серверот, најчесто се користи за комбинирање на документи или делови од документи на серверска страна
- Ruby on Rails
Креирање на динамички веб страници
Креирањето на динамички веб страници на страната на серверот е една од главните примени на јазиците за скриптирањето на серверска страна.
Како алтернатива на оваа техника се користи уште и системот на веб шаблони во таканаречена MVC рамка. Било кој "не веб специфичен" програмски јазик може да се користи за управување со веб шаблоните.