Софтверско наследство
Основана | јуни 30, 2016 |
---|---|
Седиште | Inria |
Место | Rocquencourt, France |
Scientific Advisors | Gérard Berry Jean-François Abramatic Serge Abiteboul |
Припадност | Inria |
Мреж. место | softwareheritage.org |
Софтверско наследство е непрофитна иницијатива на повеќе засегнати страни, создадена во 2016 година од страна на Ириа[1], и поддржана од УНЕСКО[2][3][4].
Преглед
[уреди | уреди извор]Мисијата на Софтверско наследство е да го собере, зачува и сподели целиот софтвер што е јавно достапен во форма на изворен код, со цел да се изгради заедничка, споделена инфраструктура во служба на индустријата, истражувањето, културата и општеството како целина[5].
Изворниот код на софтвер се собира со индексирање на платформи за вдомување на кодови, како што се GitHub, GitLab.com или Bitbucket, и архиви на пакети, како Npm или Pypi, и вметнат во посебна структура на податоци, Merkle DAG, што е јадрото на архивата на Софтверското наследство.[6] Архивата обезбедува силни криптографски идентификатори, наречени SWHID[7], за сите архивирани артефакти.
Со цел да се зголемат шансите за зачувување на архивата на Софтверско наследство долгорочно, воспоставена е mirror програма во 2018 година, на која се приклучија ENEA[8] и FossID[9] од октомври 2020 година.
Историјат
[уреди | уреди извор]Софтверско наследство е асоцијација развиена во Инрија од почетокот на 2015 година, под раководство на компјутерските научници Роберто Ди Космо и Стефано Закироли [10], а официјално е достапна за јавноста на 30 јуни 2016 година[1][11] .
Во 2017 година, Инрија потпишале договор со УНЕСКО за долгорочно зачувување на изворниот код на софтвер и за широка достапност, особено преку иницијативата Софтверско наследство[12].
Во јуни 2018 година, во седиштето на УНЕСКО, еотворена Архивата на Софтверско наследство[2][6].
На 4 јули 2018 година, Софтверско наследство е вклучено во Францускиот национален план за отворена наука[13].
Во октомври 2018 година, стратегијата и визијата за основата на мисијата на Софтверско наследство биле објавени во Комуникацијата на ACM[5].
Во ноември 2018 година, Инрија и УНЕСКО свикале група од 40 меѓународни експерти кои треба да се состанат во ноември 2018 година на покана од Инрија и УНЕСКО[14] доведе до објавување на изворниот код на Парискиот повик за софтвер[15] во февруари 2019 година.
Во ноември 2019 година, GitHub потпишале договор со Инрија за подобрување на архивскиот процес на GitHub домаќин на проекти во архивата на Софтверското наследство[16].
Складиштето на Софтверско наследство денес содржи над 143 милиони софтверски проекти, со архива од над 9,1 милијарди уникатни изворни податотеки заклучно со октомври 2020 година[6].
Финансирање
[уреди | уреди извор]Софтверско наследство е непрофитна организација, финансирана главно од донации од спонзори за поддршка, кои вклучуваат приватни компании, јавни тела и академски институции[17].
Софтверско наследство исто така бара поддршка за финансирање на трети страни заинтересирани да придонесат во мисијата на иницијативата. Грант од NLNet[18] ја финансирале работата на Октобус[19] и Твиг [20] што довело до спасување на 250 000 складишта на Меркуријал, исфрлени од Битбакет[21] .
Грант од Фондацијата Алфред П. Слоун финансира експерти за развој на нови конектори за проширување на опфатот на Архивата на софтверското наследство[22]
Награди
[уреди | уреди извор]Во 2016 година, Софтверско наследство ја добива наградата за најдобар проект во заедницата на Парискиот самит со отворен извор 2016 година.[23]
Во 2019 година, Софтверското наследство ја добива наградата за академска иницијатива од Pôle Systematic.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Collect, organise, preserve and share the Software Heritage of mankind“ (PDF). Software Heritage. 30 June 2016. Посетено на 26 July 2016.
- ↑ 2,0 2,1 UNESCO. „Software Heritage“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ Brown, Paul (30 June 2016). „Software Heritage: Creating a safe haven for software“. Boing Boing. Посетено на 26 July 2016.
- ↑ Jost, Clémence (1 July 2016). „Open source: lancement de Software Heritage, la plus grande bibliothèque de codes source de la planète“. Archimag. Посетено на 27 July 2016.
- ↑ 5,0 5,1 Abramatic, Jean-François; Di Cosmo, Roberto; Zacchiroli, Stefano (1 October 2018). „Building the Universal Archive of Source Code Journal Article“. Communications of the ACM. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Software Heritage Archive“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „Software Heritage Persistent Identifiers“. Software Heritage. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „At ENEA the first institutional mirror of Software Heritage“. ENEA. Архивирано од изворникот на 2020-11-16. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „FossID establishes first independent mirror of world's larges source code archive“. FossID. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ Moody, Lyn (30 June 2016). „Software Heritage, the "Library of Alexandria of software," launches today“. Ars Technica. Посетено на 26 July 2016.
- ↑ Brogan, Jacob (30 June 2016). „Introducing Software Heritage, the Library of Alexandria for Code“. Slate. Посетено на 26 July 2016.
- ↑ "Discours de la Directrice générale de l'UNESCO, Irina Bokova, à l'occasion de la signature de l'accord entre l'UNESCO et INRIA portant sur la préservation et le partage du patrimoine logiciel". Соопштение за печат. посет. 3 ноември 2020 г
- ↑ „National Plan for Open Science“ (PDF). Ouvrir La Science. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-07-01. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ UNESCO (16 ноември 2020). "Experts call for greater recognition of software source code as heritage for sustainable development". Соопштение за печат. посет. 2 ноември 2020 г
- ↑ „Paris Call on software source code as heritage for sustainable development“. Paris: UNESCO. February 2019. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „GitHub Archive Program“. November 2019. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „Software Heritage Sponsors“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „NLNet Software Heritage grant“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „Augmenting Software Heritage archiving capabilities“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „Long-term reproducibility with Nix and Software HERITAGE“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „Announcing the Mercurial public Bitbucket archive“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ Sloan Foundation. „Excited to support Software Heritage“. Посетено на 2 November 2020.
- ↑ „Paris Open Source Summit 2016 : Prix Acteurs du Libre : et les gagnants sont...“. Programmez! (француски). 17 November 2016. Посетено на 28 June 2019.