Прејди на содржината

Создавањето на Адам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Создавањето на Адам
Творец Микеланџело Буонароти
Година ~ 1512
Вид фреска
Димензии 280 см × 570 см

Создавањето на Адам (италијански: Creazione di Adamo) — една од деветте сцени на таванот на Систинската капела. Оваа фреска денес е една од најпознатите слики на светот.

Сликањето на таванот на Систинската капела, која е наречена така според папа Сикст IV, кој дозволил таа да се изгради, а ја нарачал папата Јулиј II, го насликал Микеланџело, од 10 мај 1508 година до 31 октомври 1512 година.

Димензиите на оваа фреска се 4,80 X 2,30 м. Иако е четврта по ред, завршеана е помеѓу последните. Во „Создавањето на Адам“ Микеланџело се приближил на тајните достигнувања на човештвото и Создавачот и ја оформил. На сликата монументалниот патријархален Бог ја пружи својата рака преку сликата носен од ангелите во овал на темноцрвен плашт, додека позади грбот наѕираат голи фигури, вклучувајќи една жена (која многумина ја сметаат за Ева) која љубопитно гледа преку неговото рамо и го вкрстува погледот со Адам. Во контраст со таа драматична група, Адам опуштено лежи на новосоздадената Земја затоа што сè уште ја немал примено искрата на животот која му ја пружа Божјата рака „Десната рака на Татковците“ (според папската химна Veni Creatot Spiritus) силно го поттикнува „првиот човек“ кој како да се буди од сон. Божјиот показалец насочен заповеднички и одлучно, додека Адам едвај успева да ја подигне раката. Господ ја потврдува и со строгиот поглед насочен на Адам кој се покажува како покорен и полн со стравопочитување.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]