Прејди на содржината

Скалар

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во математиката, под поимот скалар се подразбира величина која во себе носи „информација“ само за количество (величина). Основен и најчест пример за скаларни величини во математиката се броевите. Во физиката под поимот скалар се подразбира, речиси секогаш, токму број. Наспроти скаларните величини стојат векторските величини.

Скаларите се вистински броеви што се користат во линеарната алгебра, за разлика од вектори. Оваа слика покажува евклидов вектор. Неговите координати x и y се скалари, како и неговата должина, но v не е скаларна

Разликата меѓу скаларите и векторите во математиката е, на моменти и, не толку очигледна но клучна. Така исти операции може да бидат дефинирани сосем различно во однос на тоа дали елементите со кои се оперира се исклучиво скалари, исклучиво вектори или се оперира со скалар и вектор. Така на пример кај множењето во линеарната алгебра имаме:

при што сите три производи се дефинирани различно и само за одреден тип величини.