Рупертов Брег

Координати: 75°45′S 141°0′W / 75.750° ЈГШ; 141.000° ЗГД / -75.750; -141.000
Од Википедија — слободната енциклопедија

Рупертов Брег (англиски: Ruppert Coast) — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд на Антарктикот меѓу ’ртовите Бренан и Беркс, или помеѓу Сондерсовиот Брег на запад и Хобсовиот Брег на исток. Се протега од 146°31' ЗГД до 136°50' ЗГД. Името го дал контраадмиралот Ричард Берд во чест на полковникот Џејкоб Руперт, поддржувач на неговата втора антарктичка експедиција (1933–1935) каде е направен првиот извиднички прелет на брегот. Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г.

На Рупертовиот Брег се наоѓа руската поларна станица „Рускаја“.

Извори[уреди | уреди извор]

 Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Рупертов Брег“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

75°45′S 141°0′W / 75.750° ЈГШ; 141.000° ЗГД / -75.750; -141.000