Рукерс
Рукерс (холандски: Ruckers)[1] — познато фламанско семејство на изработувачи на чембала од XVI и XVII век со седиште во Антверпен. Нивните инструменти се високовреднувани заради нивниот одличен тонален квалитет. Семејството има големи придонеси и заслуги за техничкиот развој на чембалото, како и воведувањето на втора клавијатура (мануел). Во XVIII век многу француски мајстори прилагодувале Рукерсови инструменти во процесот под име ravalement, каде куќиштето, клавијатурата и резонаторот биле внимателно преконструирани со цел за проширување на опсегот и изразноста на инструментот. Заради тоа што престижот на Рукерс довел до многу вакви прилагодувања во Франција, денес не е сосема јасно колку оригинални инструменти сѐ уште постојат. И покрај тоа, Рукерсовите чембала и денес се опширно и темелно проучувани, копирани и свирени.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ други варијанти: Ruckaert, Ruckaerts, Rucqueer, Rueckers, Ruekaerts, Ruijkers, Rukkers, Rycardt
- Hubbard, Frank: Three Centuries of Harpsichord Making. Cambridge, MA, Harvard University Press, 1965
- O'Brien, Grant: Ruckers: a Harpsichord and Virginal Building Tradition. Cambridge (England), Cambridge University Press, 1990
- Семејство Рукерс — Католичка енциклопедија (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Рукерс“ на Ризницата ? |
- Рукерсово друштво (англиски)