Ратко Рудиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ратко Рудиќ во 2012 година

Ратко Рудиќ (хрватски: Ratko Rudić; р. 7 јуни 1948 во Белград) — хрватски тренер во ватерполо и некогашен ватерполист, а во моментот е селектор на бразилската ватерполо репрезентација.

Вкупно во играчката и тренерската кариера има освоено 64 трофеи, од кои 19 на клупско ниво и 45 на репрезентативно ниво вклучувајќи 18 златни на највисоко европско и светско и олимписко ниво. Како играч и тренер 11 пати бил учесник на олиписките игри во периодот од 1968 до 2012 година што претставува апсолутен рекорд во хрватскиот спорт. Неговиот татко бил воен пилот со служба во Белград, па поради тоа е роден во главниот град на Југославија. Играчката карера му траела 20 години од кои 18 во сенироска конкуренција од кои 1959-1960 бил член на Јединство од Задар, од 1961- 1971 година бил член на Јадран од Сплит и во белградски Партизан од 1971-1981 година, како и за јуниорската и сениорската репрезентација на СФРЈ.Во периодот на од 1968-1981 година за југоловенската репрзентација забележал 297 настапи и постигнал 80 голови.Како играч освоил 26 трофеи од кои 17 се на клупско ниво и 9 на репрезентативно ниво.