Ракун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ракун
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Ракуни
Род: Procyon
Вид: P. lotor
Научен назив
Procyon lotor
(Лине, 1758)
Татковината на ракунот е во црвено, а во сино е доселен
Синоними

Ursus lotor Карл Лине, 1758

Ракунот е животно сештојадец, ноќен месојадец, кој се одликува со бушава прстенеста опашка и црни образи.

Особености[уреди | уреди извор]

Северноамериканскиот ракун (Lotor) има дебело тело, кратки нозе, истурена муцка и мали исправени уши. Тој е долг 75-90 см, вклучувајќи ја опашката од 25 см, тежок е 10 кг, а неговото густо, грубо крзно е челично сиво до црно. Нозете потсетуваат на тенки човечки раце. Ракуните јадат безрбетници, глодачи, жаби, бобинки, овошјеи плодови; во градовите тие одат на ѓубриштата. Претпочитаат шуми блиску до вода и обично живеат во шуплините на дрвјата. Ракунот што се храни со ракови (P. cancrivorus) од Јужна Америка е сличен, има погрубо крзно.[2]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Иако ракуните се ноќни животни тие понекогаш се активни и на ден како би ги искористиле достапните извори на храна. Исхраната им се состои од 40% Безрбетници и 27% ’Рбетници. Иако во пролетта и раното лето во главно се хранат со инсекти, црви и други животни достапни рано во годината, повеќе сакаат овошје, пченка и ореви; тие се појавуваат доцна во летото и во есента и претставуваат богат извор на калории за собирање масни наслаги за зимата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Procyon lotor. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 22 March 2009. Database entry includes a brief justification of why this species is of least concern
  2. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 8, стр. 70