Масакр од Ладлоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Обновени урнатините на Ладлоу

Масакрот од Ладлоу се случил на 20 април 1914 година кога Националната гарда на американската држава Колорадо ја нападна шаторската населба во која беа сместени 1.200 рудари и нивните семејства во местото Ладлоу, Колорадо. Во нападот загинаа повеќе од 20 лица, меѓу кои и мали деца.

Настан[уреди | уреди извор]

Штрајкот на 1.200-те рудари започнал уште во септември претходната 1913 година. Рударите се кренале против ниските плати, лошите услови за работа опасни по нивниот живот и потполната доминација, т.е. крепосна контрола на рударските компании врз нивните животи. На почетокот на штрајкот, рударите биле исфрлени од бараките и рударските населби, но со помош на Сојузот на обединетите рударски работници успеале да изградат шаторска населба во ридовите над градот и да го продолжат штрајкот.

Состојбата кулминирала во текот на април 1914 година, кога сопственикот Џон Рокфелер ангажирал негова приватна вооружена агенција, со цел да се справи со побунетите работници. И покрај неколкуте загинати, рударите на почетокот успеале да го одбијат нападот, при што на помош била повикана Националната гарда. Штрајкувачите мислеле дека Гардата е донесена за да ги заштити, доцна сфаќајќи дека нивната цел е всушност да го уништат штрајкот. По драматичната престрелка во која пружиле жесток отпор, рударите на крајот биле поразени.

Крвавото задушување на штрајкот и репресиите на Националната гарда, предизвикале масовни демонстрации во Колорадо, а за состојбата се заинтересирале и медиумите на национално ниво, вклучувајќи го и „Њујорк Тајмс“. Меѓутоа, по кратко време, ситуацијата се „смирила“ и масакрот бил оставен на забот на заборавот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „За Масакрот од Ладлоу и борбата за работнички права“ Архивирано на 26 јули 2022 г., Левичарско движење „Солидарност“, 21.04.2015.