Марјан Ристески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марјан Ристески
Градоначалник на Прилеп
На должноста
2005 – 2017
Претходник Сашо Пирганоски
Наследник Илија Јованоски
Лични податоци
Роден(а) 20 февруари 1972
Прилеп
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Сопружник Фанка
Професија Дипломиран Економист
Вероисповед Православен

Марјан Ристески (роден на 20 февруари 1972 година во Прилеп) — градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2017 година. Средно образование завршил во гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп. Завршил Економски факултет во Прилеп и се стекнал со статус дипломиран економист. Пред да биде избран за градоначалник 7 години работел како комунален инспектор во Локалната самоуправа на општина Прилеп. Оженет е со сопругата Фанка, и татко на 16-месечната ќерка Михаела.

Претходно, седум години беше вработен во Локалната самоуправа, како комунален инспоктор. Учесник е во воениот конфликт, со кој беше зафатена Република Македонија во 2001-та, и е еден преживеаните по трагичниот настан кај месноста „Карпалак”. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 г. Од 2002 г. беше координатор на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, а потоа и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2005 година па до денес е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Исто така бил член на Управниот одбор на Регионалната Развојна Агенција – ПРЕДА и член на Заедничкиот Консултативен Комитет ЕУ – Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]