Македонски даб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски даб
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Буковидни
Семејство: Буки
Род: Даб
Вид: Македонски даб
Научен назив
Quercus trojana
Webb
Карта на распространетост

Македонски даб (крастечки цер, острогон[1][2], клецер, црн цер; (науч. Quercus trojana, syn. Quercus macedonica) — вид од родот даб, илирски субендемит од Апулија, Италија, југозападниот дел на Балканскиот Полуостров и од Мала Азија. Македонскиот даб е дрво од средна големина; расте помеѓу 10-20 м, со темнозелени кожести листови, елипсовидни, плитко но остро назабени. Желадот е крупен, созрева во втората година. Видот е изразено сушоотпорен.

Во Македонија е застапен на суви, претежно карбонатни предели.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „острогон“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „острогон“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Даб (в)“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)