Македонска историографиjа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Раѓањето на македонската нација од Драган Ташковски, 1967 г. Книгата опишува диференцијацијата по создавањето на бугарската Егзархија и Берлинскиот конгрес во однос на афирмацијата на македонската свест.

Македонската историографија е наука која ги проучува историските знаења за Македонија со методите и обрасците на историската наука.[1]

Развоj[уреди | уреди извор]

Во периодот пред создавањето на македонската држава, тешко може да стане збор за постоење на систематско проучување на историјата во Македонија, или за македонски историчари во класична смисла на зборот. Сепак, Ѓорѓи Пулевски, бил еден од првите кој се обидел да напише историја на Македонија. Тоа е познатата „Славјанско-маќедонска општа историја“. Македонските национални дејци, како: Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и други, исто така, покрај другото, во своите книжевни дела се интересирале и за историјата.

Во периодот меѓу двете светски војни се појавиле две значајни дела со историска тематика. Тоа биле студијата на Васил Ивановски, „Зошто ние Македонците сме посебна нација“ и книгата на Коста Веселинов, „Преродбата на Македонија и Илинденското востание“. И двете дела биле дел од марксистичка провиненција. Од периодот пред воспоставувањето на организираната македонска историографија, треба да се спомене и Павел Шатев. Имено, тој се открива и како историчар, со своето дело „Историја на Македонија“.

Организираниот развој на македонската историографија, може да се следи од поново време, т.е. од периодот по Втората светска војна и создавањето на македонска држава во состав на Југославија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тодор Чепреганов, Еве веќе 70 години може да зборуваме за македонска историографија, 2016 г.