Лаванда
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Конкретниот проблем е: неенциклопедиски стил и содржина. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Лаванда | |
---|---|
Лавандини цветови со прицветници | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни |
Потсемејство: | Мачкини наниња |
Род: | Лаванда L. |
Типски вид | |
Обична лаванда (Lavandula spica) L. | |
Синоними[1] | |
|
Лаванда (науч. Lavandula) — род сочинет од 47 цветни растенија во потсемејството мачкини наниња (Nepetoideae) на семејството на усноцветните (Lamiaceae). Најпознат е типскиот вид обична лаванда (Lavandula spica).
Потекло
[уреди | уреди извор]Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17 век, била забележана една чудна појава. Работниците кои користеле етерично масло од лаванда и оние кои работеле на полиња со лаванда не биле погодени од лошата болест. Она што ги заштитило била токму лавандата која го зајакнува имунитетот и делува како моќен бактерицид. Кога човек е во близина на лаванда таа природно го стимулира неговиот имунолошки систем, кој потоа поефикасно го штити од напади на вируси и бактерии.
Лавандата може да се користи и како моќно средство за дезинфекција: до Првата светска војна со лаванда се стерилизирале површини и болничка опрема, а ја ставале и на раните, исто така може да се користи и како силен антисептик за исекотини, изгореници, убоди и други повреди на кожата.
Состав:
[уреди | уреди извор]Маслото содржи богат и комплексен микс на моќни антивоспалителни и антиоксидативни агенси, највеќе линалолот и линаил ацетатот. Но, присутни се и гераниол, еукалиптол, цинеол, борнеол, камфор, терпинеол, кумарин итн. Бенефитите од лавандата се должат на овие компоненти.
Француското масло од лаванда се смета за најквалитетно. Вреди да се спомене и дека цветовите на лавандата се особено богати со нектар, па пчелите со нивна помош прават висококвлитетен мед, кој важи за премиум производ.
Повеќенаменска билка
[уреди | уреди извор]Покрај тоа што директно ги напаѓа бактериите и вирусите, го стимулира производството на бели крвни клетки кои го штитат телото од паразити. Лавандата не создава резистентни соеви на бактерии, како што прават антибиотиците.
Лаванда-природна билка против стрес и несоница
[уреди | уреди извор]Истражувањата на германските и француските лекари покажале дека лавандата помага полесно да се заспие. Тие ја препорачуваат оваа билка при нервоза, вознемиреност, депресија. Смирувачкото дејство на нервниот систем се должи на етеричните масла, кои се олободуваат во топлата вода, така што кожата може да ги впие. Покрај тоа, и самата топла вода делува смирувачки и ја подобрува циркулацијата во телото.
Лавандата може и да се консумира
[уреди | уреди извор]Лавандата веќе долго време се наоѓа на полиците со зачини во Франција, а чајот од лаванда го стимулира и зајакнува имунолошкиот систем, особено за време на стрес или болест.
Испарување на лаванда
[уреди | уреди извор]Етеричното масло од лаванда може да се користи во купка, да се нанесува на кожата (разредено!), да се стави на облека или само да се вдишува. Исто така, може да се користи и како миризливо масло и да се распрска по просторијата – освен што ја прави просторијата помиризлива, таа ќе ги контролира и бактериите во воздухот.
Не се препорачува да се проголта етерично масло, бидејќи тоа обично се меша со лак за да се добие жолта боја. Вистинското масло е речиси проѕирно, па како такво побарајте го во продавниците.
Одгледување на Лаванда
[уреди | уреди извор]Лавандата е ароматично и лековито диворастечко растение. Ова растение, може да се одгледува на нашите полиња бидејќи нема многу големи барања по однос на почвата. Успева скоро на сите типови почва кои содржат доволно варовник. Расте и на многу сиромашни и каменити почви. Не и одговара влажна и кисела почва.
Како топлољубиво растение има големи потреби од топлина, а особено светлина. Посебна важност за квалитетот на етеричното масло има надморската висина. Се препорачува да се одгледува на поголема надморска висина, максимум до 700 метри. Треба да се сади на јужна, незасенета експозиција, која не е изложена на ветрови.
Растe како низок џбун со висина од 50-80 см. Стеблата се многубројни, влакнести и четвороаголни. Листовите се линеарно–шилести, без лисни дршки и расеано распоредени. Цветовите се ситни и собрани во класја и со многу убава љубачаста боја, со што лавандата се одгледува и како украснo растение. Цветовите, како и целото растение е со многу пријатна миризба. Заради долготрајниот и единствен мирис лавандата денес во домаќинството е една од најмногу употребуваните ароматични растенија.
За коренот подобро да се развива, треба да се обрне внимание на почвата. Таа треба да се изора наесен, на длабочина не помала од 40 см. Ако се сади во есен, почвата се подготвува за садење веднаш по орањето. Ако се сади во пролет, по есенското орање се применува пролетна обработка (плитко орање и браносување) за да се добие што поровкава почва.
Бидејќи е повеќегодишно растение, на ѓубрењето треба да се посвети поголемо внимание. При основното ѓубрење потребно е да се обезбеди 30-40 кг/ха азот, 60-80 кг/ха фосфор и 90-100 кг/ха калиум. Прихраната со 50-60 кг/ха азот по садењето го подобрува братењето. Во следните години насадо треба редовно да се ѓубри со 20-30 кг/ха азот, 50-60 кг/ха фосфор и 70-80 кг/ха калиум
Лавандата може да се размножува вегетативно со делење на старите бусени и со резници, како и генеративно со директно сеење на семето и преку расад. Во практиката лавандата задолжително се размножува со ожилени резници. Резниците се произведуваат така што од постојниот насад се отсекуваат делови од гранките кои се постари, со должина од 15 до 20 см. Пикирањето се изведува во отворени бразди длабоки од 5 до 10 см, на растојание од 10 до 15 см, помеѓу редовите и помеѓу растенијата. Резниците се ставаат на едната страна од браздата и потоа се покриваат со почва. Резниците редовно се плеват и се полеваат до есен, кога се расадуваат.
Лавандата се сади кон крајот на октомври или ноември, а ако се сади во пролет, тогаш треба да се сади што порано, најдоцна до почетокот на април. По размерувањето на парцелата, се копаат дупки во кои се садат садниците. Се сади на меѓуредово растојание од 80 до 100 см, а во редот на растојание од 60 до 80 см. За еден хектар неопходни се минимум 10.000 садници.
Негата се состои од окопување, култивирање и прихранување. Во првата година се врши пополнување на празните места. Насадот се пополнува се до четвртата или петтата година од одгледувањето. Окопувањето и култивирањето се извршува веднаш кога садниците ќе се развијат, во пролет. Меѓуредовиот простор се обработува рачно или машински со помош на култиватор.
Времето на берба на лавандата зависи од реонот каде што се одгледува. Ако е насадот во ниски реони, тогаш цветањето почнува кон крајот на јуни. На поголеми надморски висини цветањето доцни и по еден месец. Од почеток на цветањето, па до полното цветање поминуваат околу 20 до 25 дена, а до крајот на цветањето 30 до 35 дена.
Лавандата се жнее кога е во фаза на полно цветање затоа што во таа фаза се остварува голем принос и висок квалитет на етеричното масло. Жетвата се извршува рачно. На големи површини, се изведува машински со специјални косачки-машини. При рачното жнеење (со срп) се отсекуваат цветовите со дршка во должина од 10 до 15 см. Ожнеаната лаванда веднаш се носи на дестилација.
Лавандата најчесто се дестилира за добивање на етерично масло. Приносот зависи од возраста, еколошките услови и применета на агротехника. Приносот од година во година се зголемува, се додека во петтата или шестата година се стабилизира. Приносот на зелен цвет изнесува 1.500-35.000 кг/ха, додека на сув цвет изнесува од 200 до 800 кг на хектар. Приносот на масло од лаванда во полн род може да биде од 20 до 30 кг на хектар.
Предупредување: да се избегнува употреба кај бремени и луѓе кои имаат диjагнози на централен нервен систем.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Lavandula L., Sp. Pl.: 572 (1753)“. World Checklist of Selected Plant Families. Royal Botanic Gardens, Kew. 2022. Архивирано од изворникот на 2022-11-02. Посетено на 2 November 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лаванда на Ризницата ?
- „Лаванда“ — Енциклопедија на живиот свет
Оваа статија од областа на ботаниката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|