Крсте Матески
Крсте Матески | ||
Роден | 1909 година Брждани, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1943 година Карбуница, Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Крсте Настев Матески ( 1909 во Брждани, Кичевско — 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Се занимавал со земјоделство. Определен за борба против окупаторот, во текот на 1943 година се приклучил во реонската чета во Бржданско. Учествувал во повеќе судири со балистите и загинал во една борба кај селото Карбуница во есента 1943 година.[1]