Крсте Матески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крсте Матески
Роден 1909 година
Брждани, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 1943 година
Карбуница, Кичевско, Македонија
Националност Македонец

Крсте Настев Матески ( 1909 во Брждани, Кичевско1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство. Определен за борба против окупаторот, во текот на 1943 година се приклучил во реонската чета во Бржданско. Учествувал во повеќе судири со балистите и загинал во една борба кај селото Карбуница во есента 1943 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 79.