Јазол (астрономија)
Орбитален јазол — една од двете точки во кои една орбита сече појдовната рамнина кон која е наклонета.[1] Ненаклонетата орбита која целосно лежи на појдовната рамнина нема јазли.
Појдовни рамнини
[уреди | уреди извор]Ова се позастапени појдовни рамнини:
- За околуземска орбита, екваторската рамнина на Земјата. Во овој случај, ненаклонетите орбити се нарекуваат екваторски.[2]
- За околусончева орбита, еклиптиката или неменливата рамнина. Во овој случај, ненаклонетите орбити се нарекуваат еклиптички.[2]
- За орбита вон Сончевиот Систем, рамнината низ главното тело нормална на линијата низ набљудувачот и главното тело (наречена рамнина на небото).[3]
Разликување на јазлите
[уреди | уреди извор]Двата јазла можат да се различат ако ја определиме појдовната насока од една страна на појдовната рамнината кон другата. За околуземски и околусончеви орбити, искачувачкиот јазол (или северен јазол) е онаму каде кружечкото тело се движи северно кон појдовната рамнина, а спуштачки јазол (или јужен јазол) а онаму каде се движи јужно кон истата рамнина.[4] Во случај на тела вон Сончевиот Систем, искачувачкиот јазол е јазолот каде кружечкото тело се оддалечува од набљудувачот, а спуштачкиот јазол е јазолот каде тоа се доближува.[5], p. 137.
Положбата на јазолот може да послужи како еден од низа параметри (орбиталните параметри), кои ја опишуваат орбитата. Ова се прави укажувајќи ја должината на искачувачкиот јазол.
Јазолна линија е пресекот на орбиталната рамнина на телото со појдовната рамнина, и минува низ двата јазла.[2]
Симболи
[уреди | уреди извор]Искачувачкиот јазол се бележи со симболот (уникод: U+260A, ☊), а спуштачкиот со (уникод: U+260B, ☋).
Месечеви јазли
[уреди | уреди извор]За орбитата на Месечината околу Земјата, за еклиптика се смета рамнината, а не екваторската рамнина. Гравитациската влеча на Сонцето предизвикува јазлите на Месечината постепено да прецесираат кон запад, правејќи циклус за околу 18,6 години.[1][6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „node“. Columbia Encyclopedia (6. изд.). New York: Columbia University Press. 2004. Архивирано од изворникот на March 9, 2007. Посетено на May 17, 2007.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Darling, David. „line of nodes“. The Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight. Посетено на May 17, 2007.
- ↑ Tatum, Jeremy B. „Chapter 17“. Celestial Mechanics. Посетено на May 17, 2007.
- ↑ ascending node, The Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight, David Darling.
- ↑ The Binary Stars, R. G. Aitken, New York: Semi-Centennial Publications of the University of California, 1918.
- ↑ Marcia Rieke. „Introduction: Coordinates, Seasons, Eclipses (lecture notes)“. Astronomy 250. University of Arizona. Архивирано од изворникот на 2016-08-26. Посетено на May 17, 2007.