Јазол (астрономија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Искачувачкиот јазол како еден од неколкуте орбитални елементи.

Орбитален јазол — една од двете точки во кои една орбита сече појдовната рамнина кон која е наклонета.[1] Ненаклонетата орбита која целосно лежи на појдовната рамнина нема јазли.

Појдовни рамнини[уреди | уреди извор]

Ова се позастапени појдовни рамнини:

Разликување на јазлите[уреди | уреди извор]

Анимација на јазлите на две елиптични патеки. (Стиснете ка сликата).

Двата јазла можат да се различат ако ја определиме појдовната насока од една страна на појдовната рамнината кон другата. За геоцентрични и хелиоцентрични орбити, искачувачкиот јазол (или северен јазол) е онаму каде кружечкото тело се движи северно кон појдовната рамнина, а спуштачки јазол (или јужен јазол) а онаму каде се движи јужно кон истата рамнина.[4] Во случај на тела вон Сончевиот систем, искачувачкиот јазол е јазолот каде кружечкото тело се оддалечува од набљудувачот, а спуштачкиот јазол е јазолот каде тоа се доближува.[5], p. 137.

Положбата на јазолот може да послужи како еден од низа параметри (орбиталните параметри), кои ја опишуваат орбитата. Ова се прави укажувајќи ја должината на искачувачкиот јазол.

Јазолна линија е пресекот на орбиталната рамнина на телото со појдовната рамнина, и минува низ двата јазла.[2]

Симболи[уреди | уреди извор]

Искачувачкиот јазол се бележи со симболот Northnode-symbol.png (уникод: U+260A, ☊), а спуштачкиот со Southnode-symbol.png (уникод: U+260B, ☋).

Месечеви јазли[уреди | уреди извор]

За орбитата на Месечината околу Земјата, за еклиптика се смета рамнината, а не екваторската рамнина. Гравитациската влеча на Сонцето предизвикува јазлите на Месечината постепено да прецесираат кон запад, правејќи циклус за околу 18,6 години.[1][6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „node“. Columbia Encyclopedia. New York: Columbia University Press. 2004. архивирано од изворникот на 9 март 2007 г.. https://web.archive.org/web/20070309221338/http://www.bartleby.com/65/no/node.html. посет. 17 мај 2007 г. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Darling, David. „line of nodes“. The Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight. http://www.daviddarling.info/encyclopedia/L/line_of_nodes.html. посет. 17 мај 2007 г. 
  3. Tatum, Jeremy B.. „Chapter 17“. Celestial Mechanics. http://astrowww.phys.uvic.ca/~tatum/celmechs.html. посет. 17 мај 2007 г. 
  4. ascending node, The Encyclopedia of Astrobiology, Astronomy, and Spaceflight, David Darling.
  5. The Binary Stars, R. G. Aitken, New York: Semi-Centennial Publications of the University of California, 1918.
  6. Marcia Rieke. „Introduction: Coordinates, Seasons, Eclipses (lecture notes)“. Astronomy 250. University of Arizona. http://ircamera.as.arizona.edu/astr_250/Lectures/LECTURE_01.HTM. посет. 17 мај 2007 г.