Ефтим Боцевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ефтим Боцевски - Сонец ( 1897 во Долно Соње, Скопско10 октомври 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се занимавал со земјоделство. Народно-ослободителното движење го помагал активно особено од летото 1944 година, кога во близина на неговото село бил формиран Четвртиот скопски партизански одред. Во тој период станал истакнат заднински работник, што се грижел за собирање и префрлање на разновидна материјална помош на партизаните. Истовремено служел и како врска за испраќање на многубројни скопјани во редовите на партизаните и партизанските бази. Во една борба на Дванаесеттата македонска ударна бригада, во која учествувал, балистите го заробиле. Истиот ден, на 10 октомври 1944 година, бил на ѕверски начин заклан. Бил погребан на гробиштата во родното село Долно Соње.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 177. На |first= му недостасува |last= (help)