Прејди на содржината

Вистина, Време и Историја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вистина, време и историја
Творец Франциско Гоја
Година 1804–1808
Димензии 294 см × 244 см
Место Национален музеј, Стокхолм

Вистина, време и историја (шпански: La Verdad, el Tiempo y la Historia) - слика на платно со масло од шпанскиот уметник Франциско Гоја од 1804–1808 година. Изложена е во Националниот музеј во Стокхолм.[1]

Станува збор за алегорија заснована на „Иконологија“ од Чезаре Рипа, од 1593 година. Таа прикажува како Историјата е сведок кога Времето ја открива Вистината. Историјата е симболизирана од жена, а Времето - постар крилест човек кој држи песочен часовник. Историјата го евидентира настанот во нејзината книга, додека гледа над нејзиното рамо со цел да го признае минатото. Стоечката жена, која држи книга, ја претставува Шпанија, како и Вистината. Тоа би можело да биде алегорија на шпанскиот устав, усвоен во 1812 година за време на ослободувањето на Шпанија од власта на Наполеон, а двојната симболика е дизајнирана да ја нагласи легитимноста на новиот устав.[2]

Цртеж околу 1797–1799 или 1804 година, Музеј на ликовни уметности, Бостон[3]

Гоја направил груб цртеж помеѓу 1797–1799, или евентуално во 1804 година. Во оваа верзија крилестото Време открива гола вистина додека заканувачки лилјаци и бувови демнат над нив. Цртежот е во збирката на Музејот на ликовни уметности во Бостон.[4]

  1. „Nationalmuseum: Francisco de Goya Truth, Time and History“. www.nationalmuseum.se. Посетено на 2019-11-21.
  2. Luna, Juan (1994). Goya. Nationalmuseum och Bra Böcker. ISBN 91-7100-495-5.
  3. Цртежот на мрежната страница на Бостонскиот музеј за ликовна уметност.
  4. „Museum of Fine Arts, Boston: Francisco Goya y Lucientes Time, Truth and History“. www.mfa.org/. Посетено на 17 ноември 2020.