Викиншки метал
Викиншкиот метал (анг. viking metal) е фузиран жанр на метал музиката кој опфаќа голем број на групи и се однесува пред сè на тематиката на песната, а не нејзината музика. Групите кои припаѓаат на овој жанр се припадници на многу правци на метал музиката, како фолк метал, блек метал, дет метал, а во последно време и на пауер металот.[1]
Развој
[уреди | уреди извор]Викиншкиот метал најверојатно потекнува од групата Bathory и нивните албуми Blood Fire Death и Hammerheart. Овие албуми прават спој помеѓу блек металот и нордиската народна музика за да постигнат една епска, паганска атмосфера, полна со сцени од нордиската митологија. Друг важен албум за овој жанр е The Wayward Sons Of Mother Earth од бендот Skyclad, кој заедно со Hammerheart, помага во дефинирањето на жанрот фолк метал.[2]
Музички белези
[уреди | уреди извор]Иако викиншкиот метал не може да се класифицира технички како жанр со свои посебни белези, разните викиншки метал бендови делат некои слични елементи. Скоро универзална е почитта кон паганската германска и викиншка култура, како и одбивноста кон христијанството и негова замена со неопагански и асатру верувања. Самата музика е често романтизирана и епска, слична на нордискиот фолклор и создава атмосфера збогатена со паганска и метал традиција.[3]
Изведувачи и албуми типични за прaвецот на викиншки метал
[уреди | уреди извор]- Bathory «Blood Fire Death» (1988)
- Einherjer «Blot» (2003)
- Ensiferum «Iron» (2004)
- Falkenbach «Ok Nefna Tysvar Ty» (2003)
- Moonsorrow «Suden Uni» (2001)
- Thyrfing «Vansinnesvisor» (2002)
- Vintersorg «Ödemarkens Son» (1999)
- Windir «Likferd» (2003)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mulvany, Aaron Patrick (2000). „"Reawakening Pride Once Lost": Indigeneity and European Folk Metal“. Wesleyan University. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Marshall, David W. (2007). Mass Market Medieval: Essays on the Middle Ages in Popular Culture. McFarland & Company. ISBN 978-0-7864-2922-6.
- ↑ Freeborn, Robert (2010). „A Selective Discography Of Scandinavian Heavy Metal Music“ (PDF). Sound Recording Reviews. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-31. Посетено на 2013-03-24.
|