Бојник (птица)
Бојник | |
---|---|
Мажјаци со перје во сезона на парење | |
Женка во сезона на парење | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Бекасови |
Семејство: | Мочварки |
Род: | Пескарки Merrem, 1804 |
Вид: | Бојник |
Научен назив | |
Philomachus pugnax (Linnaeus, 1758) | |
Лето, размножување Цела година Зима, без размножување |
Бојник (науч. Philomachus pugnax) — средноголема крајбрежна птица која се размножува во северните делови на Европа и Азија, а зимува во јужна и западна Европа, Африка, јужна Азија и Австралија. Се среќава и во Македонија.
Опис
[уреди | уреди извор]Бојникот има мала глава, среднодолг клун, долгнавест врат и овално тело. Долгите нозе се жолти или портокалови. Во лет има подлабок и побавен удар со крилјата од другите слични птици и има тенка бела лента на крилјата и на двете страни од опашката.[2] Бојникот покажува значителен полов диморфизам иако има мал процент мажјаци кои наликуваат на женките.[3] Но, типичните мажјаци се доста поголеми од женките и имаат впечатливи пердуви во сезоната на парење. Мажјакот е долг 29–32 см има распон на крилјата 54–60 см[2] и тежи околу 180 грама.[4] Во сезоната на парење која е обично од мај до јуни, нозете, клунот и голите делови на лицето на мажјакот се портокалови и има карактеристични пердуви на главата и голем пердувест околувраник. Овие орнаменти поединечно варираат, па може да бидат црни, костенливи или бели, шарени, со рабови или насекаде прошарани.[2] Сиво-кафениот грб има скалести шарки, често со црни и костенливи пердуви, а долниот дел му е бел со интензивна црна боја на градите. Вон сезоната на парење, овие декорации на пердувите и бои на нозете, клунот и околу очите се губат, и стануваат пообични. Тогаш мажјакот има сиво-кафенест грб и бели долни делови, со сиви шарки на градите и страните.[2]
Женката, пак, е долга 22–26 см со распон на крилјата 46–49 см [2] и тежина околу 110 грама.[4] Во сезоната на парење има сиво-кафени горни делови, со пердуви кои се темни во средината и бели на рабовите. Градите и боковите ѝ се со црни точки. Зиме се слични со мажјакот, само се разликуваат по големина. Перјето на младенчињата е слично на возрасните кога се вон сезона на парење, но горните делови имаат шарки во скелеста форма, со темни внатрешни делови на пердувите, а одоздола се со потемна нијанса.[2]
Типичниот мажјак бојник почнува со здобивање на впечатливите пердуви за парење уште пред да се врати на територијата за парење. Двегодишните птици заостануваат во декорациите. Имаат помала телесна тежина и можеби долгиот пат на преселба ги истоштува, па немаат доволно сила за навремено да се „украсат“.[5]
Бојниците од двата пола имаат дополнителна состојба на перјето меѓу зимувањето и конечната летна – за размножување. Пред да му се развие целосната декорација со китки и гривни во боја, мажјаците добиваат шарени пердуви. Женките, исто така, добиваат мешавина од зимски и летни пердуви. Мажјакот конечните летни пердуви ги добива откако ќе ги замени сите, и зимските и овие преодни, додека женките ги менуваат само зимските, а преодните им остануваат. Можеби преодните пердуви биле оригиналните пердуви за размножување, но заради силната конкуренција, мажјакот развил уште една фаза на преобразување.[6]
Поведение
[уреди | уреди извор]Бојниците при преселбата формираат големи јата составени од стотици, па и илјадници птици. Мажјаците, кои немаат никаква улога во инкубацијата и одгледувањето на младенчињата, го напуштаат местото на размножување порано, кон крајот на јуни или почетокот на јули, а женките и младенчињата заминуваат при крајот на јули. Тие одат по различни патеки до местото на зимување. На пример, во Британија запираат само јата со мажјаци, додека во Кенија претежно се женки.[7]
Размножување
[уреди | уреди извор]Во сезоната на парење мажјаците се покажуваат на отворен простор и, како ретко кои други птици, тоа го прават за другите мажјаци. Односно, кај нив се води борбата меѓу соперниците.[8][9] Има три форми на мажјаци: типични територијални, сателитски, со бела грива и третите, неодамна откриени – кои личат на женките. Територијалните, кои се околу 84 % од вкупниот број, вообичаено заземаат мала територија од просторот за парење и имаат црни или костенливи пердуваи на гривата. Тие активно им се приближуваат на женките и покажуваат висок степен на агресија кон другите мажјаци; 5–20 територијални мажјаци држат по 1 м своја територија, со празен простор во центарот. Нивното покажување вклучува: мавтање со крилата, скокање, исправено стоење, кревање на пердувите на гривата или борење со соперникот.[2] Тие се тивки, дури и за време на ваквото покажување, освен понекогаш испуштаат мек звук како „гу-гу-гу“.
Мажјаците сателити се околу 16% и имаат бела или светла грива и не заземаат територии, туку влегуваат во територијата и се обидуваат да се спарат со женките кои ги посетуваат териториите на другите мажјаци. Територијалните мажјаци ги толерираат сателитските зашто тие привлекуваат дополнителен број женки.[10][11] Женките, исто така, сакаат поголеми простори за размножување,[12] опкружени со повисока вегетација што им овозможува подобро место за гнездење.[13]
Третиот вид мажјаци, за првпат откриени 2006; личат на женките и се околу 1% од вкупниот број мажјаци. По големина се меѓу територијалните мажјаци и женките и немаат гриви. Тие влегуваат во територијата за парење заедно со женките и ги „крадат“ кога ќе бидат подготвени за парење.[3]
Гнездење
[уреди | уреди извор]Гнездото претставува плитка дупка во земјата едвај покриена со трева, гранки и листови, скриено во висока трева, а оддалечено е околу 400 метри од местото на парење. Јајцата се малку светкави, зелени или маслинастозелени, со потемни дамки. Вообичаено несат 4 јајца со димензии 44 x31mm и тешки 21 g. Јајцата ги лежи само женката 20–23 дена, а на пилињата им треба уште 25–28 дена за да се осамостојат.[4] Младенчињата имаат окер и костенлива боја ододздола, набрано и обрабено со црно и малку матирано со бела боја одозгора.[14] Сами се хранат со мали инсекти, но предводени од женката. Се одгледува по едно легло секоја година.[4]
Исхрана
[уреди | уреди извор]Вообичаено, бојниците се хранат одејќи и прибирајќи храна што ќе ја здогледаат, најчесто ларви од инсекти и инсекти. Понекогаш ги собираат од површината на водата. Се хранат ноќе, како и дење.[15]
Врски со луѓето
[уреди | уреди извор]Во 1465 година, по повод востоличкувачкиот банкет на архиепископот Невил, во Англија, биле послужени 2400 бојници. Биле фатени на територијата на парење. Така, во Англија до 1880 година овој вид дошол до границата на исчезнување, но полека со мал број нови колонии се ревитализираат од 1963 година.[4][14]
Статус
[уреди | уреди извор]Бојникот е распространет на 1–10 милиони квадратни километри и има популација од најмалку 2,000,000 птици. Европската популација од 200,000–510,000 пара, опфаќа повеќе од половина птици, што е за 30% порасната во последните 10 години. Но, таа бројка можеби произлегува од промените на местата на размножување. Бројот од популацијата на Азија не се зголемил. Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици се однесува и на бојникот.[16] This commits signatories to regulate the taking of listed species or their eggs, to establish protected areas to conserve habitats for the listed species, to regulate hunting and to monitor the populations of the birds concerned.[17]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ BirdLife International (2012). „Philomachus pugnax“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Mullarney et al. (1999) 156
- ↑ 3,0 3,1 Jukema, Joop; Piersma, Theunis (2006). „Permanent female mimics in a lekking shorebird“ (PDF). Biology Letters. 2 (2): 161–164. doi:10.1098/rsbl.2005.0416. PMC 1618908. PMID 17148353. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-07-24. Посетено на 2013-05-12.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 „Ruff Philomachus pugnax [Linnaeus, 1758]“. Bird facts. British Trust for Ornithology. Посетено на 16 April 2009.
- ↑ Karlionova, Natalia; Meissner, Wlodzimierz; Pinchuk, Pavel (2008). „Differential development of breeding plumage in adult and second-year male Ruffs Philomachus pugnax“. Ardea. 96 (1): 39–45. doi:10.5253/078.096.0105.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Jukema, Joop; Piersma, Theunis (2000). „Contour feather moult of Ruffs Philomachus pugnax during northward migration, with notes on homology of nuptial plumages in scolopacid waders“ (PDF). Ibis. 142 (2): 289–296. doi:10.1111/j.1474-919X.2000.tb04868.x.
- ↑ Pearson, D. J. (1981). „The wintering and moult of ruffs Philomachus pugnax in the Kenyan Rift Valley“. Ibis. 123 (2): 158–182. doi:10.1111/j.1474-919X.1981.tb00922.x.
- ↑ Roulin, Alexandre (2004). „The evolution, maintenance and adaptive function of genetic colour polymorphism in birds“ (PDF). Biological Reviews. 79 (4): 1–34. doi:10.1017/S1464793104006487. PMID 15682872.
- ↑ Payne (1984) 13–14
- ↑ Hill, Wendy L. (1991). „Correlates of male mating success in the ruff Philomachus pugnax, a lekking shorebird“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 29 (5): 367–372. doi:10.1007/BF00165962.
- ↑ Hugie, Don M.; Lank, David B. (1997). „The resident's dilemma: a female choice model for the evolution of alternative mating strategies in lekking male ruffs (Philomachus pugnax)“ (PDF). Behavioral Ecology. 8 (2): 218–225. doi:10.1093/beheco/8.2.218.
- ↑ Lank, David B.; Smith, Constance M. (1992). „Females prefer larger leks: field experiments with Ruffs (Philomachus pugnax)“. Behavioral Ecology and Sociobiology. 30 (5): 323–329. doi:10.1007/BF00170598.
- ↑ Hoglund, Jacob; Widemo, Fredrik; Sutherland, William J.; Nordenfors, Helena (1998). „Ruffs, Philomachus pugnax, and distribution models: can leks be regarded as patches?“. Oikos. 82 (2): 370–376. doi:10.2307/3546978. JSTOR 3546978.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 14,0 14,1 Coward (1930) 150–154
- ↑ del Hoyo et al. (1996) 530–531
- ↑ „Annex 2: Waterbird species to which the Agreement applies“ (PDF). Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA). AEWA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-30. Посетено на 22 April 2008.
- ↑ „Annex 3: Waterbird species to which the Agreement applies“ (PDF). Agreement on the conservation of African-Eurasian migratory Waterbirds (AEWA). AEWA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-08-10. Посетено на 22 April 2008.
- Berthold, Peter; Bauer, Hans-Günther; Westhead, Valerie (2001). Bird migration: a general survey. Oxford University Press. ISBN 0-19-850787-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Boere, G.C.; Galbraith, C.A.; Stroud., D.A. (2006). Waterbirds around the world. Edinburgh: The Stationery Office. ISBN 0-11-497333-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Cocker, Mark; Mabey, Richard (2005). Birds Britannica. Chatto & Windus. ISBN 0-7011-6907-9.
- Coward, Thomas Alfred (1930). The birds of the British Isles and their eggs. Volume 1 (4. изд.). Frederick Warne.
- del Hoyo, Josep; Elliott, Andrew; Sargatal, Jordi. (1996). Handbook of the Birds of the World: Hoatzin to Auks. Volume 3. Barcelona: Lynx Edicions. ISBN 84-87334-20-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Hayman, Peter; Marchant, John; Prater, Tony (1986). Shorebirds: an identification guide to the waders of the world. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-395-60237-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Liddell, Henry George and Robert Scott (1980). A Greek-English Lexicon (Abridged. изд.). United Kingdom: Oxford University Press. ISBN 0-19-910207-4.
- Linnaeus, C (1758). Systema naturae per regna tria naturae, secundum classes, ordines, genera, species, cum characteribus, differentiis, synonymis, locis. Tomus I. Editio decima, reformata (PDF) (латински). Holmiae: Laurentii Salvii.
- Lockwood, W.B. (Editor) (1984). The Oxford Book of British Bird Names. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-214155-4.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Merrem, Blasius (1804). Allgemeine literatur-zeitung (германски). Jena: Halle.
- Mullarney, Killian; Svensson, Lars; Zetterstrom, Dan; Grant, Peter (1999). Collins Bird Guide. Collins. ISBN 0-00-219728-6.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- Payne, Robert B. (1984). Sexual selection, lek and arena behavior, and sexual size dimorphism in birds (ornithological monographs: No. 33). Washington D. C.: American Ornithologists’ Union. ISBN 0-943610-40-0.
- Pennant, Thomas (1776). British Zoology. Volume 2: Water Birds (PDF). London: B. White.
- Simpson, D.P. (1979). Cassell's Latin Dictionary (5. изд.). London: Cassell Ltd. ISBN 0-304-52257-0.
- Slater, Peter (1970). A field guide to Australian birds: non-passerines. Adelaide: Rigby. ISBN 0-85179-102-6.
- Snow, David (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. Укажано повеќе од еден
|author=
и|last=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ruff – Species text in The Atlas of Southern African Birds.
- Image documentation
- Mating strategy introduction and research Архивирано на 31 октомври 2007 г.
- Ruffs on postage stamps: www.birdtheme.org and www.bird-stamps.org
- Ageing and sexing (PDF; 2.0 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Архивирано на 12 ноември 2013 г.