Ботанички парк (Аделаида)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Ботаничкиот парк.

Ботанички парк, дел од Парк 11 (исто така познат како Имела Парк или Таинмунтила), ― парк од 34 хектари во Североисточните паркови на јужноавстралискиот главен град Аделаида. Паркот се граничи со Хакни Роуд и Фром Роуд. Универзитетот на Јужна Австралија, Аделаидскиот универзитет и старата Кралската аделаидска болница сè до овој парк. Паркот, исто така, е блиску до зоолошката градина Аделаида и реката Торенс.

Историја[уреди | уреди извор]

Паркот бил купен од соседната Аделаидска ботаничка градина во 1866 година,[1] и порано бил користен како место за Кралското аделаидско шоу од 1844 до 1859 година. На нејзината северна страна се наоѓа авенија на чинари засадени во 1874 година.[1] Исто така, изобилува со егзотични видови, како што се вековно старите смокви Моретон Беј од Квинсленд.[1] Паркот било место за првиот состанок на отворено во Австралија на Армијата на спасот на 5 септември 1880 година.[1][2]

Паркот е спореден со Хајд Парк во Лондон. Со свое Катче на говорници од 1890-тите, Ботаничкиот парк е место за јавна дебата на широк спектар на теми.[2] Катчето на говорниците продолжува, но со помалку истакнато од претходните времиња. Денес, паркот е попознат како место за излети, фотографии од свадбени веселби и големи настани како што се WOMADelaide, Gardens Alive и Moonlight Cinema.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Botanic Park“. www.botanicgardens.sa.gov.au (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-26. Посетено на 19 декември 2021.
  2. 2,0 2,1 „Adelaide Botanic Garden: Botanic Park“. Department for Environment and Heritage. 2006-05-04. Архивирано од изворникот на 19 август 2006. Посетено на 19 декември 2021.

 

34°54′52.49″S 138°36′38.70″E / 34.9145806° ЈГШ; 138.6107500° ИГД / -34.9145806; 138.6107500