Андреја Кликовац
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Лични податоци | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 5 мај 1991 | ||||||||
Националност | Црногорка | ||||||||
Спорт | Ракомет | ||||||||
Висина | 1.75 м (5 ст 9 ин) | ||||||||
Тежина | 72 kilograms (159 lb) | ||||||||
Позиција | Десeн Бек | ||||||||
Клупски податоци | |||||||||
Тековен клуб | ЖРК Вардар | ||||||||
Број | 22 | ||||||||
Сениорски клубови | |||||||||
2000–2009 2009-2011 2011-2012 2012- |
ЖРК Будучност Бисери Жито Прилеп ЖРК Вардар СЦБТ | ||||||||
Репрезентација | |||||||||
Црна Гора | 77 (48) | ||||||||
Освоени медали
2011-
|
Андреа Кликовац (родена на 5 Мај 1991) е црногорска ракометарка која настапува за ЖРК Вардар СЦБТ и за женската ракометна репрезентација на Црна Гора.
Андреа Кликовац е репрезентативка на Црна Гора. Ракомет почнала да игра на 9-годишна возраст во РК Будуќност, а прв тренер ѝ бил Драган Аџиќ. По девет години минати во екипата од Подгорица, Кликовац две сезони настапува за Бисери Плевља, а оттаму во 2011 година кариерата ја продолжува во Македонија. Една сезона настапува во составот на Жито Прилеп, а од 2012 година е членка на ЖРК Вардар СЦБТ.
Со кадетската репрезентација на Црна Гора има освоено бронзен медал на Средоземните игри. Со јуниорската репрезентација на Европското првенство во 2009 година го освои 8-мо место, а во 2010 година на Светското првенство во Јужна Кореја го освои бронзен медал. Од 2011 година Кликовац е дел од сениорската репрезентација на Црна Гора со која на ЕП 2012 во Србија го освои златниот медал.