Анадолски бејлици
thumb|350px|Анадолски бејлици Анадолските бејлици — мали туркиски кнежевства кои биле регулирани од страна на бегови и кои биле основани во Анадолија во текот на 11 век, како и по распаѓањето на султанатот на Селџуците во 13 век.
По селџучката победа во Битката кај Манцикерт и по освојувањето на Анадолија, Огузите започнале со населување на териториите на денешна Турција. Овие бејлици во текот на следните години добивале голема помош од Селџуците во замена за нивните услуги. Но со монголската инвазија од истокот силата на Селџуците се намалила а ова овозможило овие бегови да прогласат независност. По падот на централизираната моќ во Конија, голем дел од беговите започнале да создаваат сојузи и со поддршка од Монголија прогласиле емиратства. Овие гази воини со слабеењето на Византија започнале да ги зазимаат нејзините територии.
До 1300 година, овие туркиски сили стигнале до Егејско Море. Во почетокот како најсилни се издвојувале Караманија и Гермијан. Османоглу пак се наоѓал во северозападниот дел од Анадолија, со седиште Согут и во почетокот оваа земја била многу мала и незначајна по моќ. По должината на егејскиот брег од север кон југ се наоѓале Кареси, Сарухан, Ајдин и Теќе. Исфендијар се наоѓач во регионот на Црното Море.
Осман бег започнал со освојување на византиските територии во првите години од 14 век. Со анексија на соседните бејлици Османоглу станале главни соперници на Караманија. До крајот на 14 век, Османогглу започнал со стекнување на останатите бејлици преку освојување, сојузништво или преку склучување на династички бракови. Следувал период на меѓусебни конфликти меѓу Караманија и Османоглу.
По основањето на Османлиското Царство во времето на Мехмед I и неговиот син Мурат II поголемиот дел од овие територии биле вклучпени во Османлиското Царство. Конечниот удар на Караманија бил даден во времето на Мехмед II кога поголемиот дел од Анадолија бил вклучен во империјата на Османлиите. Целосното обединување на Анадолија се случило во времето на Сулејман Величествениот.
Голем дел од поранешните анадолски бејлици станале основа при административната поделба на Османлиското Царство.