Александар Христовски
Изглед
Александар Христовски (Лазарополе, 24 мај 1933 - Скопје, 23 јануари 2000) - македонски поет и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како управник на Центарот за странски јазици при Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Член на ДПМ од 1967 година.
Книжевно творештво
[уреди | уреди извор]- Коњи под месечина (поезија, 1957)
- Корија (поезија, 1972)
- Којче од Коњари (поезија за деца, 1989)