Ака (планина)
Ака Áhkká | |
---|---|
Поглед на Ака од езерото Акајауре | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2,016 м |
Истакнатост | 1,105 м |
Координати | 67°35′N 17°29′E / 67.583° СГШ; 17.483° ИГД (Стуртропен) |
Име | |
Превод | баба |
Географија | |
Место | Лапонија |
Матичен венец | Скандинавски Планини |
Ака (лулолапонски: Áhkká = „баба“, шведски облик: Akka) е планински масив во југозападниот агол на националниот парк Стура Шефалет во северна Шведска.
Масивот има единаесет поединечни врва, од кои највисок е Стуртопен (2.016 м), и со тоа осми по висина во Шведска. Најкарактеристична одлика на планината е вертикалниот спуст од 1.563 м, од највисокиот врв до езерото Акајауре во долината Руотесваге (надм. вис. 453 м). Ова е највисокиот вертикален спуст во Шведска. Бидејќи водостојот на езерото под планината зависи од локалната хидроелектрана, површината може да се спушти до 423 м, што значи дека тогаш спустот изнесува 1.593 м. Планината има импресивен изглед поради големите разлики во висината, изолираноста и компактноста на масивот, и затоа го носи прекарот „Кралицата на Лапонија“. Според лапонските преданија, ова е света планина и предизвикува стравопочит и чувство на таинственост кај присутните[1].
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Баба - планина во Македонија со истозначно име
- Скандинавски Планини - најголем планински венец во Европа
Наводи
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Врвот на Ака
-
Масивот на Ака
-
Два врва на планината
-
Поглед на планината од устието во долината