Љубителска астрономија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Љубителски астрономи го гледаат ноќното небо.

Љубителска астрономија или аматерска астрономија — вид хоби што вклучува набљудување, снимање или проучување на астрономски предмети и појави без добивање на паричен надоместок. Љубителите на астрономијата имале, и сè уште имаат, исклучително важна улога во астрономијата. Многу појави на небото не се набљудувани од професионални астрономи поради големината на небото и недостатокот на опрема, набљудување на времето, просторот и финансиите. Голем број љубителски астрономи успеале да откријат астероиди, комети, променливи ѕвезди, супернови и со тоа значително придонесле за развојот на астрономијата. Меѓутоа, во последниве години, автоматизирани роботски астрономски опсерватории систематски пребаруваат голем дел од ѕвезденото небо секоја вечер, така што го намалуваат ѕвездениот простор во кој љубителските астрономи можат да направат откритие.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zuckerman, Ben; Malkan, Matthew A. (1996). The Origin and Evolution of the Universe. Jones & Bartlett Learning. стр. 68. ISBN 0-7637-0030-4.
  2. „American Association of Variable Star Observers : The AAVSO Research Portal“. Посетено на 2017-09-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]