Wyzant

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Wyzant
OснованаЧикаго, Илиноис (2005 (2005))
Основач(и)Ендрју Џиант и Мајк Вајсхан
СедиштеЧикаго, САД
ДејностОбразовни услуги
УслугиМенторирање
Вработени100 (2017)
Порталwyzant.com

Wyzant или Визант е претпријатие со седиште во Чикаго, Илиноис, што, како главна услуга, нуди можност за поврзување на ментори со ученици преку интернет. Визант е основана во 2005 година од страна на Ендрју Џиант и Мајк Вајзхан со $10.000 собрани по роднини и пријатели.[1]

Според податоците од 2014 година, Визант има 80 редовно вработени лица и над 76.000 регистрирани ментори во својата база на податоци[1], броеви што, според нивното мрежно место, се зголемени на 100 и 80,000 до 2017. Наводно на wyzant.com има и 2 милиони регистрирани корисници, од учители за претшколска возраст, па сè до докторанди.[2] Во 2013 година, најскапо платениот ментор на Визант заработил $120.000.[2] Севкупно, до 2014, компанијата има заработено $100 милиони од менторските сесии и заведено околу 2,5 милиони ислушани часови.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Rogers, Bruce (2014-09-17). „Creating an Online Marketplace for Tutors and Students“. Forbes. Посетено на 18 јули 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 Tilin, Andrew (13 септември 2014). „Meet the eHarmony of Tutoring“. Entrepreneur. Посетено на 18 јули 2017.

Надворешни извори[уреди | уреди извор]